Долни Балван — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Долни Балван | |
Панорама на селото | |
Координати 41°48′20″N 22°12′11″E | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Население | 310 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30012 |
Надм. вис. | 290 м |
Долни Балван на општинската карта Атарот на Долни Балван во рамките на општината | |
Долни Балван на Ризницата |
Ова село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, а низ него поминува патот Штип-Кочани, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 290 метри. Од градот Штип е оддалечено 9 километри.[2]
Во XIX век, Долни Балван било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Атарот зафаќа простор од 7,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 671,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на шумите само 0,5 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти и земјоделска задруга.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 135 жители, од кои 100 Македонци и 35 Роми.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
Селото е средно по големина, без поголеми промени во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 351 жител, а во 1994 година 331 жител, од кои 328 биле Македонци, а двајца жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долни Балван живееле 358 жители, од кои 351 Македонец и 7 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 291 Македонец и 19 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 135 | 120 | 302 | 325 | 351 | 320 | 306 | 358 | 331 | 358 | 310 |
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Долни Балван, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото било седиште на некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 283 гласачи.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.[14]
Во селото работи фудбалскиот клуб „1 Мај Балван“.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.