From Wikipedia, the free encyclopedia
Доктрина (од латински: doctrina, што значи „учење, настава“) е кодификација и систематизирање на верувања и мислења кои претставуваат суштина на учењата во дадена гранка на знаење или во систем на верување.[1]
Честопати зборот доктрина се однесува конкретно на збир од религиозни принципи зададени од црква. Доктрината може да се однесува и на принцип на правото воспоставен преку минатите одлуки.
Примери на верски доктрини се:
Римокатоличката и православната доктрина потекнуваат од списите на црковните отци, што е разјаснето на различни Вселенски собори. Кратки верзии може да се најдат во кратки изјави на христијанската доктрина, во молитвеници. [6] Подолгите верзии имаат форма на катехизми. Протестантите генерално ја отфрлаат христијанската традиција и за разлика од неа, својата доктрина ја црпат исклучиво од Библијата.[7]
Според социологот Мервин Вербит, доктрината може да се сфати како една од клучните компоненти на религиозноста. Тој доктрината ја дели на четири категории: содржина, зачестеност (степен до кој може да го заземе умот на личноста), интензитет и централност. Секоја категорија може да варира во зависност од религијата, во рамките на религиозната традиција. [8] [9] [10]
Терминот се однесува на концептот од воспоставена процедура при сложена операција во војувањето. Класичен пример е тактичката доктрина во која вообичен збир од маневри, родови војска и оружје се користат како пристап при одреден вид напад.
Примери на воена доктрина се:
Речиси секоја воена организација има своја доктрина. Некои воени доктрини се пренесуваат преку програми за обука. Во поново време, во современите мировни операции, кои вклучуваат и цивилни и воени операции, се појавуваат посеопфатни (не само воени) доктрини како што е „Капстоуновата доктрина“ на мировните операции на Обединетите нации од 2008 година [11] што зборува за интегрирани цивилни и воени операции.
По дефиниција, политичката доктрина е „политика, мислење или принцип кој што се застапува, се учи или се применува за освојување и употреба на власта при управувањето со општеството“.[12] Терминот политичка доктрина понекогаш погрешно се поистоветува со политичката идеологија. Меѓутоа, на доктрината ѝ недостасува акциониот аспект на идеологијата.
Правна доктрина е збир на меѓусебно поврзани правила (обично од обичајното право и градени во долг временски период) поврзани со правен концепт или принцип.
Може да се забележи дека една гранка од правото содржи различни доктрини, кои пак содржат различни правила или тестови.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.