вид кварк From Wikipedia, the free encyclopedia
Длабински кварк, убав кварк или b-кварк (симб. b, од анг. bottom или beauty) — кварк од третото поколение со полнеж од −13 e. Иако квантната хромодинамика ги опишува слично сите кваркови, длабинскиот кварк е лесно препознатлив по опитен пат (со техниката наречена B-обележување) поради големата гола маса (околу 4,2 GeV/c2,[3] нешто над четирипати повеќе од протонот) и ниските вредности на елементите Vub и Vcb во ККМ-матрицата. Бидејќи за CP-нарушувањето се потребни три поколенија на кваркови, мезоните што имаат длабински кварк се најлесни честички за употреба при иследувањето на таа појава; вакви опити се спроведуваат од БаБар, „Бел“ и LHCb.
Состав | елементарна честичка |
---|---|
Статистика | фермионска |
Поколение | трето |
Заемодејства | силно, слабо, електромагнетизам, гравитација |
Симбол | b |
Античестичка | длабински антикварк ( b ) |
Предвиденна | Макото Кобајаши and Тошихиде Маскава (1973)[1] |
Откриена | Леон Ледерман и др. (1977)[2] |
Маса | 4,18+0,03 −0,03 GeV/c2 (MS-шема)[3] 4,65+0,03 −0,03 GeV/c2 (1S-шема)[3] |
Се распаѓа на | волшебен кварк или горен кварк |
Ел. полнеж | −13 e |
Боен полнеж | да |
Спин | 12 |
Слаб изоспин | LH: −12, RH: 0 |
Слаб хиперполнеж | LH: 13, RH: −23 |
Друга особеност на длабинскиот кварк е тоа што тој е производ на речиси сите распади на врвниот кварк, и често се јавува како распаден производ од Хигсовиот бозон. Длабинскиот кварк е теоретски воведен во 1973 г. од јапонските физичари Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава за да се објасни CP-нарушувањето.[1] Поимот „длабински“ (bottom) е воведен во 1975 г. од израелскиот физичар Хаим Харари.[4][5] Длабинскиот кварк првпат е откриен во 1977 г. со опитот E288 на екипата во Фермилаб под водство на Леон Ледерман, со добивањето на ботомониум при извршените судири.[2][6][7] Во 2008 г. Кобајаши и Маскава ја добиле Нобеловата награда за физика за нивното објаснување на CP-нарушувањето.[8][9] Кога е откриен, постоело мислење дека кваркот треба да се нарече „убав“ (beauty), но поимот „длабински“ (bottom) натежнал во употребата.
Длабинскиот кварк може да се распадне на горен или на волшебен кварк по пат на слабото заемодејство. Обата распада се потиснати од ККМ-матрицата, што значи дека животниот век на највеќето длабински честички (~10−12 с) е нешто повисок од оној на оволшебените (~10−13 с), но помал од оној на чудните (од ~10−10 до ~10−8 с).
Некои хадрони што содржат длабински кваркови се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.