From Wikipedia, the free encyclopedia
Димко Солев, роден како Димко Апостолов Солев (1915, Велес — Велес, 2017) — македонски грнчар и работник од градот Велес. Познат како еден помладите браќа на истакнатиот македонски револуционер и поет Кочо Рацин.[1] Димко Солев бил последниот грнчар во фамилијата Солеви.[1]
Димко Солев | ||
Роден | Димко Апостолов Солев 1915 Велес, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | 2017 (102 г.) Велес, Македонија | |
Роднини | Кочо Рацин |
Димко Солев исто како Кочо Рацин е роден во грнчарска фамилија во Којник.[2] Димко бил третото дете на Апостол Солев и Марија Солева. Заради сиромашните услови во млади години работел како грнчар заедно со неговиот татко. Заедно копале глина во месноста „Брца“. Понекогаш би добил помош од неговиот постар брат Коста Солев но тој редовно бил во странство и ретко се враќал во градот.[3]
Кога Коста Солев би се вратил во градот Димко му помогал да пренесе писма и книги кон неговиот другари, како Панко Брашнаров и Петре Прличко. Според сеќавањата на Димко Солев, редовно го слушал зборот „пропаганда“ помеѓу другарите на Коста кога зборувале. Димко Солев заедно со неговиот татко ги прозиведувале грнчарските предмети додека ќерките на Апостол заедно со неговата жена Марија Солева ги продавале.[3]
Апостол Солев бил главен врз работилницата до неговата смрт во 1936 година, тогаш главниот станал Димко Солев. После неколку години во 1939 година се оженил со Галаба Солева од Ораовец и имале пет деца: Вида, Апостол, Бошко, Донка и Ѓоре. Кога Велес подпаднало под фашистичка бугарска окупација Димко учествувал во ослободителното движење но во послабо ниво со разлика од Кочо Рацин.[3]
После ослободувањето на градот продолжил да работи како грнчар но заради неуспешните продажби на неговите производи во 1960 година одлучил да побара помош и успешно се вработил во Порцеланка, таму работел за следните две години но околу 1963 година се пензионирал. Учествувал како гостин во Рациновите средби и понекогаш би бил присутен за отварањето на спомен куќата на Кочо Рацин кон странски граѓани. Во 2017 година починал со 102 години.[3]
Димко Солев имал многу позитивни гледишта кон придонесите на Кочо Рацин во македонскиот јазик и историја. Дури во млади години Димко израсил дека бил восхитен на храброста на Коста Солев и го сметал како идол. Кога Кочо Рацин бил уапсан и ставен во затвор кај Симитли, Пиринска Македонија сите други членови во фамилијата му подариле храна и пари додека Димко бил единствениот којшто го посетил Коста Солев.[3]
За посетата на Димко Солев истакнал неговиот син Бошко Солев:[3]
„Татко, ми раскажуваше дека најмногу од сите браќа го сакал и почитувал Кочо. Кога го осудиле и чичко Кочо морал казната ја издржавал во Симитли, Бугарија, баба ми Марија му дала писмо, пари и сукан зелник и татко ми Димко отишол да го посети. Кога го видел го прегрнал толку силно што двајцата се расплакале. Тогаш чичко Кочо му рекол на татко дека претходно затворениците го прашувале дали нема роднини, браќа и сестри, штом никој не му доаѓа на посета. Тие не знаеле за сиромаштијата во која живееле Солеви. На средбата чичко Кочо му рекол на тато: „Сега нека видат дека и јас имам фамилија, имам брaт кој мисли на мене“. Tогаш уште посилно го прегрнал татко а овој не можел да престане да плаче и да липа на глас. И додека почина секогаш кога ја раскажуваше таа средба плачеше“
— Бошко Солев
После ослободителната војна Димко Солев заедно со неговата мајка секој ден чекале да се вратил Коста Солев не знаејќи дека пред две години загинал во Лопушник. После еден месец или повеќе од чекајќи го добиле посета од партизан којшто ги информирал дека Кочо Рацин загинал. Марија Солева била многу тажна за случајот. Кога бил закопан во Св. Пантелејмон Димко Солев го посетувал секој ден, но кога остатоците биле пренесени во велешката костурница.[3] Димко Солев исто така спомнал како Кочо Рацин имал силен македонски идентитет, во еден интервју истакнал:[3]
„Брат ми Кочо често одеше во Загреб, во Белград, во Софија и други градови. Повеќе пати беше осудуван и лежеше по затворите па затоа го немаше во нашата куќа. А кога ќе дојдеше во Велес постојано го следеа српските џандари. Тогаш заедно дење одевме во „Брца“, копавме глина а ноќе работевме. И одеднаш тој ќе се качеше на таванот. Тогаш јас знаев дека пишува. Ја палеше свеќата, го земаше перцето и седнуваше да го топи и да пишува. Го оставав оти ми беше јасно дека тоа што го пишува е за тоа што често ми велеше: „Ќе дојдат поубави денови а Македонците ќе имаат своја држава“. Ми велеше дека целиот свет е против фашистите и дека кога ќе се ослободиме на сите ќе им кажеме дека не сме ни Бугари, ниту Срби туку дека сме Македонци. Пред зори, кога веќе завршувавме со работа еднаш му реков: „Бате ајде жени се зашто и јас сакам да се женам“. Ме прегрна и ми рече: „Димко, жени се ти. Јас сеуште не сум ја нашол саканата. Има време за мене. Сега имам друга работа“. Потоа отиде на таванот повторно да пишува нешто. Подоцна разбрав се, дека ги пишувал песните, текстовите и секако писмата, дописките и преписките за партијата и движењето во кое беше внесен со сета младешка жар,“
— Димко Солев
После кога ја открил тажната судбина на Коста Солев тој пробал да открие како починал Кочо Рацин, учествувал во Рациновите средби и го посетувал неговиот спомен дом, во една Рацинова средба Димко Солев го прашал Страхил Гигов, којшто бил во Лопушник кога Рацин бил убиен да му даде одговор како и зошто умрел Коста Солев. Сомнително Гигов не му дал одговор туку останал тивок. Во едно интервју со Стоилко Андреевски се пожалил како мразел дека неможел да најде одговор за дали убиството на Кочо Рацин било злонамерно или несреќа. За жал починал пред да најде одговор.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.