From Wikipedia, the free encyclopedia
Дездемона е лик во драмата Отело од Вилијам Шекспир (с . 1601 – 1604). Таа е убавица од Венеција која го разбеснува и разочарува својот татко , сенаторот на Венеција, кога решава да побегне заедно со Отело ,човек кој е постар од неа неколку години, но и од различна раса. Кога нејзиниот сопруг добива задача да замине на Кипар за да и служи на Венеција,Дездемона го придружува. Таму, Отело е изманипулиран од својот близок соработник Јаго и верува дека Дездемона го изневерува. Во последниот чин Дездемона е убиена од нејзиниот отуѓен сопруг.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Изворот за Отело е приказната од 1565 година “ Црниот капетан “ во Ги Хекатомити од Џовани Батиста Џиралди Синтио. Во тоа време немало превод, па голема е веројатноста дека Шекспир ги знаел и италијанската верзија, француската од Габриел Чапи од 1584 година, и англискиот превод во ракопис.
Единствениот лик во приказната на Cинтио кој има име е Диздемона, што значи несреќна на грчки. Останатите ликови се именувани како Маварот, помладиот офицер , жената на помладиот офицер и водачот на ескадрилата. Во оригиналот , офицерот копнее по Дездемона и решен е да се одмазди откако таа го одбива. За разлика од Шекспировиот Отело, Маварот во приказната на Цинтио никогаш не се покајува за убиството на жена му. Заедно со офицерот бегаат од казна , но подоцна казната ги стигнува и тие се убиени. Цинтио исто така прикажува дека европските жени непромислено се мажат за мажи од други нации.[1]
Иако Шекспир го следел Цинтио во создавањето на Отело, сепак отстапил од првобитната приказна во создавањето на одредени детали. Тој го измислил таткото на Дездемона , Брабанцио и нејзиниот развратен обожавател Родериго. Го измислил комплетно првиот чин во кој Јаго ги поттикнува предрасудите на Брабанцио за Отело , и Дездемона го брани својот избор за сопруг пред дуждот. Шекспир во значителна мера ја проширил улогата на жената на офицерот . Кај Цинтио таа е само придружба на Дездемона, а кај Шекспир е верна придружничка и личност од доверба. Кај Цинтио офицерот го зема марамчето на Дездемона, а жена му не е вмешана во тоа, за разлика од Шекспировата верзија каде Емилија е таа која го наоѓа. Кај Цинтио открива каков човек е нејзиниот сопруг, но сепак молчи , а Емилија кажува сè што знае за него откако Дездемона умира. Смртта на Дездемона кај Цинтио се разликува од онаа кај Шекспир. Сцената помеѓу Дездемона и Емилија додека таа се спрема за спиење не постои кај Цинтио и смртта на Дездемона во верзијата на Цинтио е кога Маварот му кажува на офицерот да ја удри со чорап полн со песок. Потоа двајцата го сместуваат телото над креветот , го смачкуваат черепот и го урнуваат таванот врз неа за да се остави впечаток дека тоа е причината за нејзината смрт.[2]
Во првиот чин Дездемона бега со Отело . Пред сите важни луѓе во Венеција таа ја изјавува својата љубов кон Отело и го брани сопствениот избор. Татко и неволно го прифаќа бракот , но го предупредува Отело дека еден ден таа ќе го измами. Кога Отело е испратен на Кипар, Дездемона го придружува заедно со Емилија. Во вториот чин поручникот Касио е понижен и лишен од милоста на Отело. Јаго успева да го изигра и него но и Отело, кажувајќи му дека Дездемона го изневерува со Касио. Многу критичари сметаат дека всушност таткото на Дездемона е тој што прв го поттикнува сомнежот “ Внимавај на неа Мавру , ако имаш очи да гледаш. Таа го измами татка си , па може и тебе . “ (1.3). Сигурноста и довербата се тие кои ја водат Дездемона но и огромната љубов кон Отело. Но, сепак големата страст на таа љубов го буди сомнежот и го разлутува нејзиниот сопруг што додава дополнителен страв и сомнеж.
Кога Емилија го наоѓа марамчето, му го дава на својот сопруг, кој и забранува да и спомене нешто на Дездемона и го остава марамчето во собата на Касио. Најпосле , Отело го гледа Касио со марамчето и го гледа тоа како потврда за неверството на Дездемона. Таа е загрижена бидејќи го изгубила марамчето, но сепак не верува дека тоа ќе го разлути Отело. Таа е збунета од неговото однесување , дури и јавно ја навредува дека е нечесна жена. Дездемона е длабоко вознемирена од неговото однесување , но сепак продолжува да ја брани својата љубов . Во последниот чин Отело и кажува дека знае за нејзиното неверство и дека ќе ја убие. И покрај изјавите на Дездемона за нејзината невиност, Отело одбива да и верува , кога и соопштува за смртта на Касио, таа се расплакува. Отело се разбеснува и ја гуши , игнорирајќи ги нејзините молби за милост. Кога Емилија влегува во собата, Дездемона се крева , иако е слаба , да го одбрани Отело , и потоа умира.
Името Дездемона доаѓа од грчките зборови δυσ + δαίμων што значи “ преодредена на пропаст “ . Леоне Теисанди забележува дека токму така и Отело ја гледа Дездемона нарекувајќи ја “ девојка со лоша судбина “. Исто така може да се забележи дека во средината на нејзиното име има “ демон “ односно ѓавол , што може да алудира на тоа што таа навистина е , или како Отело , чие име исто така го содржи зборот “ hell “ или пекол , навистина ја гледа својата сопруга .
Отело е исто така и уникатна трагедија која се фокусира на уништување на љубовта преку сексуална љубомора . Од друга страна , Отело е вистински романтичар затоа што е многу емотивен. Се поставува прашањето ,како Дездемона му станала жена. Дали поради неговиот авантуристички начин на живот и егзотичното потекло? Или таа се заљубува во него поради тоа што е благодорен и моќен? Во првиот чин, во третата сцена му кажува на својот татко Брабанцио дека се заљубила во карактерот на Отело и во прекрасните приказни кои тој ги кажувал за неговиот живот. Која и да е причината , Дездемона е претставник на невиноста , вистината и добрината во драмата . Таа вистински ја претставува добрината и ведрината на “ вистинската љубов “ . Нејзиниот татко , кој е вознемирен од нејзиниот избор на сопруг , инсистира таа да се откаже од љубовта и да се покори на неговите желби . Дездемона му кажува на Брабанцио колку го сака (чин 1 , сцена 3) :
„ Јас знам , мој татко , дека мојот долг е на две овде разделен и вам за животот и грижата ви должам, а животот и одгледот ме учат чест да ви давам. Родителе мој ,мој повелник сте , а јас ќерка ваша ,но овде со вас стои мојот маж. Па дајте ми на Маварот да му бидам до толку и јас покорна, ко вам што мајка ми ви била , кога она земајќи ве, се делела од татко. “
Оваа убава, млада и храбра девојка го замолува дуждот ако може да го прирдужува Отело на Кипар .Тој , како и останатите ликови во драмата , ја почитува Дездемона, а со тоа и нејзините желби , и дозволува да замине со Отело.
На денот на венчавката ,Отело и дава џебно шамивче на кое има извезено јагоди. Но овој подарок на крајот ја уништува. Тоа е полно со мистичност и е од огромно значење за нејзиниот сопруг . Ја има клучната улога на крајот. Прво и припаѓало на мајката на Отело, која го добила од една Еѓипјанка , а подоцна му го дала на Отело , за тој , кога ќе дојде време да и го даде на својата жена.
„ На мајка – и го дала циганка. А таа била вражалка што могла dа чита скоро и човечки мисли. И рекла - дури крпчето го чува ,на татко ми се мила ќе му биде и над него ќе стекне сосем власт. Но ако и го снема, или дар на некој го даде , тогаш она омразена од татко ми ќе стане и нова љубов ќе посака тој. И ми го даде тоа шамиче мојата мајка на умирачка, молејќи ме, ако судбата де дарува со жена, нејзе јас да и го дам. И така направив. Та чувај го и како црнка во око пази го. А ако ли го дадеш на некој, или да го загубиш- ќе навлечеш ти таква погибел со која нема ништо да се мери. “
Но , Дездемона доцна ја сфаќа важноста на шамивчето. Во моментот кога исчезнува шамивчето , исчезнува и довербата на Отело кон неа. Тоа е симбол за верност на жената кон мажот . И според ова , Дездемона може да биде окарактеризирана како трагичен лик. Како може нејзиниот маж да има толку верба во така мало парче муслин ? Како може толку лесно да престане да и верува , а толку слепо и комплетно да му верува на Јаго? Отело со ова ја прави клучната грешка.
Кога Дездемона го губи шамивчето , Емилија го наоѓа и го зема, односно го краде. Ја губи и љубовта на Отело. Потоа Емилија му го дава на Јаго, кој покажува огромен интерес за необичниот предмет . За Јаго тоа е главниот ‘’доказ ’’ кој му е потребен за да го убеди Отело за неверството на Дездемона и нелојалноста на Касио . Дездемона без да знае и сака, само повеќе ја зголемува љубомората на Отело, кога сака да ги подобри односите меѓу Касио и Отело, премногу се залага за Касио .
“ Би можела , нејќам сега јас. Со ваква итрост нема да си минеш . Те молам - назад поврати го Касио . “
Со обидот да ги поправи работите помеѓу Отело и Касио само си прави лошо на себе .Таа е толку добра, што дури и Јаго и се восхитува , и ја брани пред Отело , а вистинските намери му се лоши. Емилија упорно му кажува на Отело дека таа вистински го сака и дека никогаш нема да залута , односно нема да го изневери.
И покрај огорченоста и љубомората на Отело, таа го сака и го оправдува. Таа е лојална сопруга која ќе направи се за нејзиниот маж. Несебично го брани дури и кога Отело сака да ја убие. Нејзиниот млад живот трагично завршува. Шамивчето е фатално , Отело е заслепен од него, љубомората му се зголемува , и ако таа не може да биде само негова , тогаш мора да умре. Тој одбива да го слуша разумот и слепо му верува на Јаго . Дездемона му служи на Јаго како оружје со кое тој сака да стигне до повисок статус и моќ . Прво започнува со тоа што го известува Брабанцио за нејзиното исчезнување, па продолжува со тоа што ја користи нејзината љубов кон Отело против него. Пријателството со Касио е главната причина за нејзиниот пад, односно трагичен крај.Сакајќи да ги смири Отело и Касио се доведува себеси до уништување. Со губењето на шамивчето , само му прави услуга на Јаго, а Емилија уште повеќе ги влошува работите кога го зема и му го дава на Јаго. А Дездемона не е свесна дека го уништува сопругот со тоа што е таква каква што е , добра и чиста.
Го прифаќа верувањето дека Отело мора да ја спаси од самата себе и да ја уништи. Со нејзиното уништување тој ќе и ја поврати чистотата. Дури и кога Отело , во налет на бес и љубомора сака да ја убие , таа не сака тој да биде одговорен за нејзината смрт .Таа изјавува дека “ никој , освен јас самата “ го извршил гнасното дело. До самиот крај таа ја покажува љубовта кон Отело.
Дездемона ја претставува чистотата , ведрината и вистината во драмата.Нејзината трагедија е дело на злобниот , ѓаволски ум на Јаго. Тој си игра со Дездемона , нашиот трагичен лик , таа му служи како инструмент за уништување . На крајот , Отело си ја согледува фаталната , смртна грешка и се искупува преку љубовта кон Дездемона кога си ја согледува ужасната грешка , и си го враќа верувањето во својата сопруга. Но веќе е предоцна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.