Амамот Дебој — поранешен амам кој се наоѓал во градот Битола.

Кратки факти Дебој, Општи податоци ...
Дебој
Thumb
Thumb
Општи податоци
Видамам
Стилосманлиска архитектура
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Почната15 век
Затвори

Чифте амамот Дебој се наоѓал во состав на старата битолска чаршија, но денес, по уништувањето на голем дел од чаршијата[1], тој се наоѓа насамата нејзина граница. Постоењето на објекти кои во минатото биле во непосредна близина на Дебојот, како што е Ајдар-кади џамија, урнатата Сунгур Чауш-бег џамија, потоа ановите на познатиот Овчи пазар, остава простор да сметаме дека токму со некои од нив била образувана урбанистички функционална целина: џамијаамам - ан, типична за ориенталните градски средини, со цел задоволување на хигиенските, верските и потребите за сместување првенствено на посетителите на градот, но и на месното население кое живеело во блиските маала кои граничеле со чаршијата.

Врз основа на податоците од турските извори, како и конкретно во Битолските кадиски сиџили, почнувајќи од 15 век, па сè до 1912 година се јавуваат имиња на десетина амами, чии локации во најголем број случаи не се познати. Токму затоа, не може со сигурност да се каже кој од наведените амами подоцна го добил називот Дебој - складиште. Доколку е тоа Ески, познат како Атик, односно Стар амам чиј ктитор бил газијата Сункур Чауш-бег, Дебојот би датирал од 15 век.

Иако не постојат прецизни податоци ниту за ктиторот, ниту за годината на изградбата на овој претставителен објект, монументалноста на градбата, ѕидаријата и пребогатиот украс од сталактити, штуко декорација по ѕидовите и бројните ѕвездички на куполите, архитектонските одлики на објектот согледани со метод на компарација со точно датирани амами од крајот на 15-16 век, укажуваат дека се работи за објект кој припаѓа на златниот век на османлиската архитектура.

Амамот, како и сите монументални објекти во наведениот период бил граден во алтернација на камени квадри и тули со спојници на хидрауличен малтер кој бил користен и за малтерисување на ентериерот, што е сосема оправдано со оглед на функцијата на објектот и можноста од оштетувања предизвикани од влага.

Организацијата на просторот во овој двоен (чифте) амам е следна: женскиот дел, кој е поголем по димензии, побогато украсен и одвоен со ѕид од машкиот, се состои од: шадрван (голема подкуполна просторија со квадратна форма, со шестострана лантерна во центарот на куполата и шадрван под неа - наменета за гардероба), потоа капалук (наменета за одмор), мејдан (наменета за масажа) и две помали простории, лево и десно од мејданот траш хани (наменети за депилација), после што следат простории кои припаѓаат на халветот (наменети за капење). Машкиот дел се состои само од: шадрван (решен на ист начин како и кај женскиот дел), капалук и халвет, кои се помали по димензија. Неопходниот мобилијар - маси за масажа- губек таш, курни и сл. не е сочуван.

Денес недостасуваат и деловите хазна (водосклад) и ќулхан (ложиште), кои секогаш се заеднички за двата дела, кои биле констатирани во текот на истражувачките работи во 1967 година, при реставрацијата и конзервацијата на амамот. Инаку, загревањето на амамот се обезбедувало по принципот на хипокаусти, односно со струење на топол воздух меѓу подовите и ѕидовите. Богатиот украс на тромпите, како и фризовите од флорални и геометриски орнаменти на ѕидовите е од типот на плиток релјеф и е изведен во штуко. Сите простории се засводени со: куполи носени од тромпи, полуобличести или огледаласти сводови со ѕвездести отвори кои овозможуваат осветлување на ентериерот. Пред конзервацијата, амамотимашепокривод турски ќерамиди, а денес е од поцинкован лим што придонесе разиграната петта фасада да дојде до полн израз[2]..

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.