Remove ads

Дебора Ванкин е американска писателка.

Животопис

Дебора Ванкин живеела во Англија, Израел и Јапонија, а денес живее во Силверлејк, во близината на Лос Анџелес. Таа работи како уредничка на рубриката за книги и храна во весникот „LA Weekly“, а исто така, таа објавувала текстови за храната и во други списанија и весници, како што е „Њујорк тајмс“. На Универзитетот во Лос Анџелес го предавала предметот екранизација на книжевни дела.

Творештво

Дебора Ванкин е соавторка на две книги: „Ташеновиот Лос Анџелес“ (Taschen’s Los Angeles) и збирката есеи врз чија основа е снимен филмот „Според вистинска приказна (само со повеќе судири)“ (Based on a true story (But with more crashes)). Нејзиниот расказ „Вики, Флеш и заводникот на продавачките на чевли“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[1]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads