холандска атлетичарка From Wikipedia, the free encyclopedia
Дафне Схиперс (холандски изговор: [ˈdɑfnə ˈsxɪpərs]; родена на 15 јуни 1992 г.) е холандска атлетичарка која се натпреварува во спринтерските дисциплини и во седмобој. На Светското првенство 2015 во Пекинг, таа го освоила златниот медал на трката на 200 метри, притоа поставувајќи нов европски рекорд од 21.63 секунди. Таа исто така e актуелен европски шампион на трките на 100 и 200 метри.
Схиперс на Европското првенство 2014 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Холанѓанка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 15 јуни 1992 Утрехт, Холандија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,79|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 65 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Холандија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Седмобој Спринт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
На митигот во Гецис, Схиперс завршила на третото место во седмобој зад Катарина Џонсон-Томпсон и Бријен Тајсен-Итон, остварувајќи сопствен најдобар резултат и рекорд на Холандија од 6545 бода.[1] Следно, на Европското екипно првенство кое се одржало во Брауншвајг, Германија, таа била првопласирана на трката на 200 метри и помогнала холандскиот штафетен тим да победи на трката на 4 × 100 метри. На 26 јули, на државното првенство на Холандија, Схиперс поставила нов сопствен и државен рекорд во дисциплината скок во далечина од 6,78 метри.
Во јули 2014, на митингот во Глазгов, Схиперс поставила нов рекорд на Холандија на трката на 100 метри од 11.03 секунди, соборувајќи го рекордот од 11.08 секунди на Нели Куман поставен во 1986 година.[2] На истиот митинг, таа победила и на трката на 200 метри, поставувајќи нов државен рекорд од 22.34 секунди.[3].
На Европското првенство 2014 во Цирих, Схиперс ги освоила златните медали во двете спринтерски дисциплини.[4] На 13 август, таа победила на трката на 100 метри со време од 11.12 секунди истрчувајќи на целта пред Мирјам Сумаре и Ешли Нелсон. Два дена подоцна, на 15 август, таа го освоила и златниот медал на трката на 200 метри со време од 22.03 секунди, поставувајќи најдобро време во сезоната кое воедно било и нов холандски државен рекорд на оваа делница.[5] Поради одличните резултати во сезоната, Схиперс на крајот на годината била прогласена за европска атлетичарка на годината од страна на Европската атлетска асоцијација, пред Анита Влодарчик и Рут Беитија.[6].
На 24 мај, Схиперс настапила на митингот во Хенгело, Холандија, на трката на 100 метри. Таа победила на трката остварувајќи сопствен најдобар резултат од 10.94 секунди, со што станала првата холандска спринтерка која истрчала време под границата од 11 секунди. На 25 јули, на митигот од дијамантската лига во Лондон, таа го подобрила времето на 10.92 секунди.
На Светското првенство 2015 во Пекинг, таа двапати последователно го подобрувала сопствениот рекорд и холандскиот рекорд на 100 метри. Таа најпрво во полуфиналето истрчала време од 10.83 секунди, а следниот ден во финалето, делницата од 100 метри ја истрчала за 10.81 секунди, со што го освоила сребрениот медал зад Шели-Ен Фрејзер-Прајс и ѝ го донела на Холандија првиот медал од Светските првенства на 100 метри.
На трката на 200 метри, таа го освоила златниот медал поставувајќи нов европски рекорд и рекорд на првенствата од 21.63 секунди, резултат кој е трет најдобар во историјата на оваа делница.[7]
Дисциплина | Резултат | Место | Датум |
---|---|---|---|
60 метри | 7.05 | Прага, Чешка | 8 март 2015 |
100 метри | 10.81 (ДР) | Пекинг, Кина | 24 август 2015 |
200 метри | 21.63 (РП, ЕР) | Пекинг, Кина | 28 август 2015 |
800 метри | 2:08.59 | Гецис, Австрија | 1 јуни 2014 |
100 метри со пречки | 13.13 | Гецис, Австрија | 31 мај 2014 |
Скок во височина | 1,80 метри | Лондон, Обединето Кралство | 3 август 2012 |
Скок во далечина | 6,78 метри (ДР) | Амстердам, Холандија | 26 јули 2014 |
Фрлање ѓуле | 14.66 метри | Гецис, Австрија | 30 мај 2015 |
Фрлање копје | 42.82 метри | Хорн, Холандија | 17 мај 2014 |
Седмобој | 6545 бода (ДР) | Гецис, Австрија | 1 јуни 2014 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.