From Wikipedia, the free encyclopedia
На почетокот на Втората светска војна, Данска прогласила неутралност. За поголемиот дел од војната, земјата била протекторат, а потоа окупирана територија на Германија. Одлуката за окупирање на Данска била донесена во Берлин на 17 декември 1939 година[1]. На 9 април 1940 година, Германија ја окупирала Данска во операцијата Везерибунг, а кралот и владата продолжиле да функционират де факто како протекторат над земјата до 29 август 1943 година, кога Германија ја ставила Данска под директна воена окупација, која траела до сојузничката победа на 5 мај 1945 година. Спротивно на ситуацијата во другите земји под германска окупација, повеќето дански институции продолжиле да функционираат релативно нормално до 1945 година. И Данската влада и кралот останале во земјата во непријатната врска меѓу демократскиот и тоталитаристичкиот систем, во знак на протест против германските барања за воспоставување на смртната казна за саботажа.
Нешто повеќе од 3.000 Данци починале како директен резултат на окупацијата[2]. Дополнителни 2.000 доброволци на Слободниот Дански корпус и Вафен СС, од кои најмногу потекнуваат од германското малцинство во јужна Данска, загинале во борбата на Источниот фронт[3], додека во сојузничката служба загинале 1072 трговски морнари[4]. Севкупно, ова претставува многу ниска стапка на смртност во споредба со другите окупирани земји.
Делотворно се појавило и Движење на отпорот што се развило до крајот на војната, а повеќето дански Евреи биле спасени во 1943 година кога германските власти наредиле нивно интернирање како дел од Холокаустот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.