From Wikipedia, the free encyclopedia
Даница Максимовиќ (Релјинци, 25 јануари 1953) е српска глумица.
Како девојче во родното место, била член на рецитаторската секција, а долги години се занимавала и со фолклор.
Глума завршила Факултетот за драмски уметности во Белград, во класа на професорот Миња Дедиќ, заедно со Бранислав Леќиќ и Дара Џокиќ .
Прва улога на филм ја одиграла 1980 година во филмот "Хајдук". Со Тања Бошковиќ, Миленко Павлов и Раде Марјановиќ, долго време била носител театарскиот репертоар во Театарот на Терзиите. Во кариерата на Даница Максимовиќ, доминантни улоги се таканаречените жена од маргини (алкохоличарки, проститутки, жени со сомнителен морал).
За време на деведесеттите години Даница со колегата Владан Савиќ, играла и кабаре и се викал "Години на заплетот". Автор на текстот и песните бил Миленко Пајовиќ, а музиката ја компонирал Раде Радивојевиќ. Името на кабарето било алузија на една книга од некогашниот прв човек СРЈ Слободан Милошевиќ "Години на расплетот". Овој кабаре му штетел на режимот на деведесеттите, а авторите свесно го ризикувале политичкиот прогон. Фобитник е на Стерјини награди за улога во претставата "Лукреција или ждеро". Најмладата публика на Максимовиќ ја помни по улогата на тета Лије, која и позајмила глас, во серијалот "Добра ноќ деца".
Даница Максимовиќ била претседател на Сојузот на драмски уметници Србија, од 1997 година го уживала статусот на слободен уметник. Најмладата публика на Максимовиќ ја помни по улогата на тета Лије, која и позајмила глас, во серијалот "Добра ноќ деца".
Даница Максимовиќ ја играла главната улога во првата српска теленовела " Јелена". Исто така ја толкува една од главните улоги во теленовелата " Застани го времето".
Нејзин син е Милош Лолиќ, театарски уредник.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.