Данаја (грчки јазик|Δανάη) во старогрчката митологија била ќерка на Акрисије, кралот на Аргос и Еуридика (или Аганипа[1]) и Персејева мајка.

Thumb
Данаја и златниот дожд која го претставуваа Зевс на вазната од 450-425 година п. н. е.

Потекло на поимот

Нејзиното име има значење „онаа која суди“ или „усахла“.[2]

Митологија

Со оглед на тоа дека ја имал само Данаја, Акрисије го прашал пророчиштето дали ќе има наследник. Му било одговорено дека нема, но и дека Данаја ќероди машко дете кое ќе го убие. З да го спречи тоа, ја затворил својата ќерка во подземна темница составена од бронза, но Зевс во вид на златен дожд поминал низ отворот на кровот и ја обљубил Данаја. Така таа забременила и родила момче, Персеј, кого го одгледала заедно со дадилката, која била затворена заедно со неа. Еден ден Акрисиј слушнал детски глас и влегол во темницата, каде Данаја се обидела да му објасни дека Персеј е син на Зевс. Не и поверувал, туку заедно со детето ја затворил во ковчег и ја фрлил во море. Ковчегот допловил до островот Серифос, каде го нашол Диктис. Тој ја прифатил мајката и детето, но во неа се вљубил неговиот брат, кралот Полидект. Данаја не му ја возвратила љубавта и Полидект помислил дека тоа е поради синот. Зато го испратил да му ја донесе главата на Медуза. Кога Персеј севратил од походот, го затекнал Диктис и својата мајка како се молат на боговите да ги заштити од лошата мисла на Полидект. Затоа ја употребил главата на Медузина и го скаменил кралот и неговите следбеници. Потоа со мајка му го напштил островт и ја одвел во Аргос каде таа останала со својата мајка, Еуридика.[3]

Според римско предание, ковчегот стасал до брегот Лација каде Данаја се омажила за кралот Пилумно и го основала градот Ардеја. Нејзин потомок е Турно, кралот на Рутул.[3]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.