Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
ДДТ (кратенка од тривијалниот назив: дихлородифенилтрихлороетан) претставува еден од најдобропознатите синтетички пестициди. ДДТ е супстанца со долга и контроверзна историја.
Назнаки | |
---|---|
50-29-3 | |
ATC код | P03AB01 QP53 |
ChemSpider | 2928 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
| |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Густина | 0,99 g/cm³ [1] |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
Опасност | |
Безбедност при работа: | |
Главни опасности |
T, N |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза) |
113 mg/kg (кај глувци) |
Дополнителни податоци | |
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
За првпат била синтетизирана во 1874 година, а нејзините својства како инсектицид не биле откриени сѐ до 1939 година. Во втората половина од Втората светска војна оваа супстанца била користена и за воени и за цивилни цели. Најчесто за контрола на популацијата на комарци кои ја ширеле маларијата. Во 1948 година швајцарскиот хемничар Паул Херман Милер of Geigy Pharmaceutical бил награден со Нобелова награда за физиологија или медицина „за откривање на високата ефикасност на ДДТ...“[2]
Започнувајќи од 1962 година со објанвувањето на книгата Silen Spring од американскиот биолог Rachel Carson започнува да се обраќа повеќе внимание врз ефектите кои супстанците ги имаат врз човековото здравје и врз животната средина. Книгата сугерира дека ДДТ и сличните супстанци може да предизвикаат рак кај луѓето и дека може да го загрозат опстанокот и на другите животински видови. Оваа книга доведе до забрана на употребата на ДДТ во сад во 1974 година.[3] Употребата на оваа супстанца во земјоделството е забрането според Стокхолмската конвенција. Нејзината употреба, во извесна мерка, е дозволена само за контрола на векторите на пренесување на заразни болести, иако и ова не е без контроверзи.[4]
ДДТ во САД е класификувана како средно токсична супстанца. Многу ретко ДДТ се користи орално за третман на труење со барбитурати.[5]
Познато е дека органохлорните супстанци може да влијаат врз појавувањето на дијабетис.[6][7][8][9]
Покажано е дека ДДТ и ДДЕ, како и останатите органохлорни соединенија претставуваат ксеноесторгени супстанци. Врз правилниот развој на репродуктивниот систем овие супстанци може да влијаат на повеќе начини.[10][11][12][13][14][15][16][17][18][19][20][21][22][23][24][25]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.