From Wikipedia, the free encyclopedia
Густав Лудвиг Херц (германски: Gustav Ludwig Hertz, 22 јули 1887 -30 октомври 1975 ) — германски експерименален физичар и добитник на Нобеловата награда. Тој бил внук на Хајнрих Рудолф Херц.
Густав Лудвиг Херц | |
---|---|
Херц во 1925 | |
Роден(а) | 22 јули 1887 Хамбург, Германско Царство |
Починал(а) | 30 октомври 1975 88) Источен Берлин, Источна Германија | (возр.
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Установи | Универзитетот во Хале |
Образование | Хумболшки универзитет |
Докторски ментор | Хајнрих Рубенс Макс Планк |
Докторанди | Хеинц Позе |
Познат по | Франк-Херцов експеримент |
Поважни награди | Нобелова награда за Физика (1925) Медал “Макс Планк“ (1951) |
Белешки Татко на Карл Хелмут Херц |
„Густав Лудвиг Херц“ на Ризницата ? |
Херц е роден во Хамбург, син на Аугусте и адвокатот Густав Теодор Херц, брат на Хајнрих Рудолф Херц. Тој студирал во Универзитетот Георг–Август во Готиген, во универзитетот Лудвиг Максимилиан од Mинхен и во универзитетот Хумболдт од Берлин. Тој го добил својот докторат во 1911 од Хајнрих Леополд Рубенс.
Од 1911-1914 тој бил асистент на Рубенс во универзитетот во Берлин. Во ова време тој заедно со Џемс Франк вршеле експерименти за нееластични електронски судири во гасови познати како Франк-Херцови експерименти за што добиле Нобелова награда за Физика во 1925.
За време на Првата светска војна, Херц служел од 1914 до 1915 кога бил течко повреден. Во 1917, тој се вратил во универзитетот во Берлин како предавач. Во 1920 тој добил работа како истражувач во Фабрика за ламби во Ајндховен, која ја работел до 1925.
Во 1925, Херц станал директор во институтот за Физика во универзитетот на Мартин Лутер во Хале-Витенберг. Во 1928 тој станал професор по експериментална физика и директор во институтот за Физика во Берлинскиот технолошки универзитет во Берлин. Додека бил таму тој развил техника за изотопска сепарација со гасна дифузија. Бидејќи бил офицер во првата светска војна тој бил привремено заштитен од националните социјалистички полиси и Законот за реставрација на професионалната државна служба, но евентуално полисите и законите станале построги и во 1934 тој бил приморан да ја поднесе својата оставка БТУ бидејќи бил прогласен како евреин. Тогаш тој заземал позиција во Сименс како директор на лабораторијата за истражување. Тој таму го продолжил своето истражување на атомската физика и ултразвуците, но евентуално ја пркинал својата работа за изотопска сепарација.тој ја имал оваа позиција додека не заминал за советскиот сојуз во 1945.
Херц бил загрижен за својата безбедност и како својот нобеловес Франк, тој сакал да се пресели во САД или било која друга држава освен Германија. Затоа тој направил пакт со тројца колеги: Манфред вон Ардене, директор на своја лабораторија, Петер Адолф Тиесен, професор во универзитетот во Хумболд во Берлин и Макс Волмер професор и директор на физичко Хемискиот институт во БТУ. Пактот бил ветување за тоа кој прв би зборувал со Русите тој би зборувал за сите.
На 27.04.1945, Тиесен пристигнал во институтот на Ардене во блиндирано возило со Мајор од Советската Армија кој исто така бил Хемичар. Херц бил ставен како директор на институтот Г во Агудсери. Темите за истражување на Херц во институтот Г биле: (1) сепарација на изотопи со дифузија во проток на инертни гасови; (2) Развој на кондензациска пумпа; (3) дизајнирање и изградба на масен спектрометар за детерминирање на изотопската композиција на ураниум; (4)Развој на frameless дифузиски партиции за филтри; (5) Развој за теорија на стабилност и контрола на дифузиска каскада.
При крајот на 1940те скоро 300 Германци работеле во институтот и тие не биле целосната работна сила во институтот. Инстоитутот А бил користен како основен за Физички-Техничкиот институт Сукуми во Синоп.Волмер отишол во Научниот истражувачки институт бр. 9 во Москва; Нему му било доделено биро за да работи на продукцијата за “тешка вода“. Во институтот А тиесен станал водач за развојните техники за мануфактирање на порозни бариери за изотопска сепарација. Во 1949, 6 германски научници вклучувајќи ги Херц, Тиесен и Барвич биле повикани за консултација во Свердловск-44, што било одговорно за збогатување на ураниу. Фабриката, помала од Американскиот Оук Ридџ гасовита дифузна фабрика постигнувала само половина од посаканите 90% или повеќе збогатување. По 1950, Херц се пресели во Москва, во 1951 ја добил наградата Сталин заедно Барвич. Во таа година Џемс Франк и Херц заедно биле наградени со Макс Планк Медаља од германското просто општество. Херц останал во Советскиот Сојуз до 1955.
Кога се вратил од советскиот сојуз, Херц станал професор на универзитет во Лајпциг. Од 1955 до 1967 тој исто така бил и претседател на Физичкото Општество на ГДР ( Deutsche Demokratische Republik (GDR) ). Тој бил Претседател од 1967 до 1975.
Во 1919 Херц се оженил за Елен ни Дилман која починала во 1941. Тие имале 2 сина Карл Хелмут Херц и Јоханес Херниџ Херц; Двајцата станале физичари.
Херц бил член на германската академија на науки во Берлин,Член на академијата за науки во Готингем,почесен член на Унгарската Академија на науки,член на Чехословачката академија на науки,и член на Академијата на науки во СССР.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.