From Wikipedia, the free encyclopedia
Гурки, Горки или Горкали (непалски: गोरखाली) — војници од непалска народност кои се регрутирани во војските на Британија, Непал, Индија или пак во организациите како Гуркшки контингент во Сингапур, а исто така и во мировните сили на Обединетите нации и во разни воени зони низ целиот свет. Од историски аспект, термините „Гурка“ и „Горкали“ биле синоними за „Непалец“ кој потекнува од ридовите на Гуркшкото кралство преку кое тогаш новоформираното Кралство Непал се проширило под власта на кралот Притхви Нарајан Шах. Се претпоставува дека тие се крстени по хиндушкиот војник-светец Гуру Горакханат кој имал и историски храм во областа Горка во централен Непал.
Гурките обично се поврзуваат со симболичниот традиционален непалски нож Кукри и имаат репутација на бестрашна војна моќ. Поранешниот шеф на Индиската армија Сем Манекшоу еднаш изјавил дека „ако некој маж вели дека не се плаши да умре, или лаже или е Гурка“.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.