вид инсект From Wikipedia, the free encyclopedia
Губар (поточно обичен губар, науч. Lymantria dispar) — вид молец од семејството на тантелните совици (Erebidae). Има неколку подвидови, од кои некои се недвосмислевно препознатливи (на пр. L. d. dispar и L. d. japonica). Овој молец е доведен на наколку континенти, и денес е застапен во Европа, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка. Ларвите се разнојадни, и живеат во разновидни листопадни и иглолисни дрва. При најповолни услови, гасениците уништуваат огромни шумски површини[1]. Поради ова, видот се вбројува меѓу 100-те најштетни инвазивни видови на светот. Освен за шумите, во Македонија губарот е особено опасен и по овошките.[2]
Губар | |
---|---|
Губар (Lymantria dispar dispar), мажјак | |
Губар (Lymantria dispar dispar), женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Ред: | Пеперуги |
Натсемејство: | Совици |
Семејство: | Тантелни совици |
Род: | Губар |
Вид: | Обичен губар |
Научен назив | |
Lymantria dispar (Linnaeus, 1758) | |
Народно име | Подвид | Распространетост | Одлики |
---|---|---|---|
Европски губар | Lymantria dispar dispar | Европа, западна Азија и северна Африка,[3]:6 доведен во источна Северна Америка | Женките имаат крилца, но се безлетни[3]:6 |
Азиски губар | Lymantria dispar asiatica | Источна Азија,[3]:6 доведен во западна Северна Америка[4] | Женките имаат крилца и можат да летаат; подвидот го привлекува светлина[3]:6 |
Јапонски губар | Lymantria dispar japonica | Сета Јапонија[3]:6 | Големи мажјаци, многу темна кафеава боја[3]:6 |
Европскиот губар (Lymantria dispar dispar) е домороден во умерените шуми на Европа. Доведен е во САД во 1869 г. а во Канада се појавил во 1912 г.
Азискиот губар (Lymantria dispar asiatica) е домороден во Азија, источно од Урал. Од почетокот на 1990-тите забележан е и долж западниот брег на умерена Северна Америка. Од јужна Европа се шири на север во Германија и други земји, каде се вкрстува со европскиот губар. Во 1995 г. е забележана колонија во Велика Британија.
Во Северна Америка е воведен паразитоидната бакарна оса од видот Ooencyrtus kuvanae како биолошка мерка во борбата со губарот. Оваа јајцепаразитна оса сепак не се задржува само на губарот, туку врши паразитизам и врз други видови на пеперутки и молци.[5][6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.