Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грделица (град) — градско населено место во околината на градот Лесковац, Јабланички управен округ. Според пописот од 2002 година, местото имало 2.383 жители.
Грделица Грделица (Варош) | |
---|---|
Грделица | |
Местоположба во Србија | |
Координати: 42°53′N 22°04′E | |
Држава | Србија |
Округ | Јабланички |
Надморска височина | 362 |
Население (2002) | |
• | 2.383 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Поштенски број | 16220 |
Повикувачки број | +381 16 |
Таблички | LE |
До 1965 година, ова населено место е со статус на општина Општина Грделица која ја сочинувале населените места: Бистрица, Боќевица, Бојишина, Бричевље, Црвени Брег, Дедина Бара, Добротин, Доњи Буниброд, Горњи Буниброд, Граово, Грделица Село, Грделица Варошица, Губеревац, Кораќевац, Ковачева Бара, Козаре, Крпејце, Личин Дол, Мала Грабовница, Мала Копашница, Мрковица, Несврта, Ново Село, Ораовица, Падеж, Палојце, Предејане Село, Предејане Варошица, Слатина, Сушевље, Тулово, Тупаловце, Велика Грабовница, Велика Копашница, Велика Сејаница, Виље Коло, Загужане, Зољево и Жижавица. По укинување на општината, подачјето на поранешната општина во потполност влегло во состав на општина Лесковац.
Надморска височина е 363 метри.
Името Грделица најверојатно настанало од топонимот Град Јелица кој означува населба на ридот над денешното гратче. Остатоците на оваа тврдина се видливи до денес. Во состав на српската држава е од времето на Стефан Немања кој оваа област ја добил на управа од Византија. По долг период под турско владење, повторно влегува во состав на Србија по ослободувањето во 1877 година. Со заслуга на тогашниот народен пратеник Аранѓел Маринковиќ станува локален административен центар и седиште на општината.
Помеѓу двете светски војни, Грделица е центар на текстилната индуструха и земјоделието. Во 1965 година, Грделица го губи статусот на општина и се припојува кон Општината Лесковац. Од тогаш го губи значењето, и доживува економска и културна деградација.
Со систематско уништување на индустријата, денес Грделица е едно од најнеразвиените места во Србија.
Во Грделица (Варош) живеат 1820 пунолетни жители, а просечна старост на населението изнесува 37,3 година (36,5 кај мажите и 38,1 кај жените). Во населбата има 739 домаќинства, а просечен број на членови по домаќинство е 3,22.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.