From Wikipedia, the free encyclopedia
Грбот на Албанија е официјалниот грб во државата кој е дизајниран според знамето на Албанија. Грбот е составен од црвен штит со златни граници каде се наоѓа црн двоглав орел, елемент од знамето на Албанија, и над орелот се наоѓа шлемот на Ѓорѓија Скендербег.
Грб на Албанија | |
---|---|
Подробно | |
Грбоносец | Албанија |
Штит | Црвено, црн двоглав орел во приказ крунисан со шлемот на Скендербег |
Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози.[1][2] Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за првпат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.