Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Готварството значи вештина да се зготви храна, а во поширока смисла на зборот да се направи избор на производите за исхраната на човекот. Готварството има огромно значење за развојот на туризмот. Преку кујната земјата станува попривлечна за туристите од целиот свет. Првите јавни ресторани се појавиле во 17 век. Готварството добива ново значење по Првата светска војна, а особено по Втората светска војна. Гастрономија е наука за правилна исхрана на човекот, што доаѓа од зборот гастрост што значи стомак и номос што значи закон.
Шефот на кујна [1] раководи со целокупната организација на работата и вработените во кујната. Тој мора да е стручно образован и да има долгогодишно работно искуство. Треба да е енергичен, правичен, толерантен, исполнителен, да го одржува редот и дисциплината, како и да има смисла за организација на работата. Од способноста на шефот на кујната зависи реномето на угостителскиот објект. Негови должности се: составување список на јадења и мени карта (заедно со шефот на сала); врши распоред на работите и работните задачи; требува (нарачува) потребни производи (намирници) за работа; врши контрола на набавките (по количина и квалитет); го контролира квалитетот на јадењата; води грижа за хигиената на просторот, работните места и вработените. Тој постојано треба да ги следи новините во готварството, да користи стручна литература и да посетува саеми, изложби и семинари од областа на гастрономијата.
Готвачот [1] на сосови треба да има стручна подготовка и повеќегодишно работно искуство. Тој е и заменик на шефот на кујна. Ги има следниве должности: добива задолженија од шефот на кујна и ги пренесува на другите вработени; ги приготвува сосовите за топлата и ладна кујна за тој ден; составува требовање за потребни намирници и го предава на шефот на кујна.
Месар[1] имаат поголемите кујни. Тој мора да е стручно оспособен и вешт во својата работа. Обврски му се : да го прими месото во кујната, да го средува (исече) по делови и соодветно да го спакува и да го одржува во ладилникот.
Готвачот на риби и ракови [1] е лице со стручно образование и исклучително вешт во својата област. Ги приготвува јадењата од риби и ракови, води сметка за правилна и целосна искористеност на рибите, а води грижа и за правилно чување на рибите.
Готвачот на супи и варива [1] треба да е лице со стручно образование и повеќегодишно работно искуство. Тој води грижа да се приготват супите, варивата, гарнирите според списокот на јадења или менијата. Треба да е добар готвач во својата област.
Готвачот на печења [1] е лице со стручно образование и добар готвач во својата област.Неговата должност е да го пече месото според порачките од списокот на јадења или менијата и води грижа за хигиената на своето работно место.
Во кујните каде што постои работно место ресторански готвач[1], тој е лице со стручно образование и повеќегодишно работно искуство. Вешт во својата работа, подготвен брзо да одговори на порачките од ресторанот по понудениот список на јадења или менијата.
Во кујните, доколку во работата има потреба од приготвување на посебен вид храна, може да постои работно место готвач за диеталци или вегетеријанци.Тоа лице ќе приготвува специфичен вид храна, бидејќи таквата храна бара посебен вид приготвување.
Во поголемите хотели каде има поголем број на вработени, потребно е да има посебно лице-готвач кој ќе приготвува храна за вработените. Храната за вработените треба да е вкусна и доволна, вработените да бидат задоволни, а тоа ќе придонесе за нивно продуктивно работење и задоволство.
Салатер е лице со стручно образование и негова обврска е да ги подготвува салатите, да го средува зеленчукот и зачините.
Слаткар е стручно образовано лице кое ги приготвува и декорира слатките - десертите според понудениот список на јадења или менијата. Треба да е вешт во својата работа, да има чувство за естетика и декорација. Треба да внимава при користењето на материјалите, како и чувањето на намирниците и готовите производи, зашто се лесно расипливи.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.