Горно Строгомиште
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Горно Строгомиште — село во Општина Зајас, во околината на градот Кичево. Според податоците од 2002 година, селото има население од 1.123 жители, од кои мнозинството се Македонци-муслимани.
Горно Строгомиште | |
Координати 41°36′21″N 20°57′56″E | |
Општина | Кичево |
Население | 699 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 12070, 12570 |
Надм. вис. | 797 м |
Горно Строгомиште на општинската карта Атарот на Горно Строгомиште во рамките на општината | |
Горно Строгомиште на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Горно Кичево. Административно е дел од Општина Зајас.
Според бугарските податоци за 1873 година, во селото Остроголишта (Долни и Горно Строгомиште) имало 150 докаќинства и 400 жители муслимани.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Горно Строгомиште имало 400 жители словенски муслимани.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 2002 година селото има 1.123 жители. 1.093 жители, од различни причини, се пишале Албанци, 4 Македонци и 26 други.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 699 жители, од кои 611 Албанци и 88 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 400 | — | 506 | 537 | 596 | 764 | 915 | 4 | 1.059 | 1.123 | 699 |
Горно Строгомиште е торбешко село.
Родови во селото се: Муратовци или Кокошовци (9 к.), Даговци (6 к.), Јаовци (6 к.), Зенковци (5 к.), Усовци (5 к.), Музовци (4 к.), Бајрамовци (4 к.), Бачковци (4 к.), Галевци или Оџовци (4 к.), Грешаровци (4 к.), Љанговци (4 к.), Џеловци (4 к.), Мерсимовци (3 к.), Нурчевци (3 к.), Саитовци (3 к.), Пунтевци (3 к.) и Шемовци (2 к.) сите наведени родови се староседелски. Сите муслимански родови си ги знаат своите предци до околу 1780 година; Калајџиовци (10 к.) и Чукалевци (7 к.) доселени се однекаде; Вранѓеловци (4 к.) потекнуваат од предок доселен од селото Лисичани, каде имаат истоимени роднини, он во северниот дел на Кичево ги бранел македонските села од арамии.[10]
Во селото постојат избирачките места бр. 817 и 817/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.076 гласачи.[12]
Населението на ова село иако идело на печалба не се селело од селото, со исклучот на 5 семејства кои во 1955 година се иселиле во Турција.[10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.