From Wikipedia, the free encyclopedia
Големиот шарен клукајдрвец (Dendrocopos major), спаѓа во редот на клукајдрвците, семејството (Picidae). Го среќаваме во Европа и северна Азија, и најчесто живее секаде освен во најладнте делови. Не се смета за загрозен вид од страна на IUCN, бидејќи е широко распростанет и прилично чест.[2] Го има и во Македонија.
Голем шарен клукајдрвец | |
---|---|
Голем мажјак | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Поткласа: | Нови птици |
Инфракласа: | Нововилични |
Ред: | Клукајдрвести |
Семејство: | Клукајдрвци |
Потсемејство: | Picinae |
Племе: | Dendropicini |
Род: | Dendrocopos |
Вид: | D. major |
Научен назив | |
Dendrocopos major (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Dendrocopos submajor |
Големиот шарен клукајдрвец е 23-26 см голем, со 38-44 см распон на крилја. Горните делови му се сјајно црни, со бели делови на лицето и вратот. Една црна линија се движи цик-цак од рамото до половина пат кон градите, па свртува назад кон тилот; се проширува кон клунот, оди под окото и го исполнува вториот дел од линијата. На рамото има голема бела дамка и пердувите на крилата завршуваат со црно-бели бои. Трите надворешни пердуви на опашката се покажуваат кога тврдата опашка се шири, припомагајќи во искачувањто. Долните делови се просто бели, а стомакот и делот под опашката постепено преминуваат во црвено. Клунот е црн, а нозете се зеленкасто-сиви.
Мажјаците имаат црвена точка на тилот, кое го нема кај женките и кај младите птици.
Проблеми со пуштањето? Помош. |
И покрај впечатливите перја, големиот шарен клукајдрвец е често незабележлив. Големата бела дамка на рамото е делот кој најмногу паѓа во очи. Кога е скриена во зеленилото, не се забележува, но нејзиното присуство го издава механичкото шушкање, звук кој произлегува од брзото удирање на силниот клун во гранките или стеблата. Удирањето на овие видови е пократко отколку на малиот шарен клукајдрвец, и на крај го снемува. Тој може да се слушне од голема далечина, во зависност од ветерот и состојбата на дрвото (шупливатa гранка дава погласен звук отколку здравата гранка). Звукот е остар кик кик .
Големиот шарен клукајдрвец има неколку живи подвидови. Палеоподвидот D. m. submajor живеел во средниот плеистоцен 250,000 до 300,000 години пред нашата ера, пронајден во Европа јужно од покривката на мразот. Тој понекогаш се третира како посебен вид, но не се разликува многу од живиот големи шарен клукајдрвец во Европа, освен во големината. Европските подвидови во нашето време се најверојатно негови директни потомци.[3]
Мажјакот на големиот шарен клукајдрвец не може да се згреши. Единствени видови кои му се слични се: сирискиот клукајдрвец (D. syriacus) и белокрилниот клукајдрвец (D. leucopterus). Тие се разликуваат во помалку развиената линија на вратот, која не достигнува кон центарот на градите или не го достигнува црното на клунот, како што е кај големиот шарен клукајдрвец. Вториот вид има подолга дамка на крилото. Женките се разликуваат на истиот начин од сличните, сириски клукајдрвец и белокрилен клукајдрвец.
Големиот шарен клукајдрвец е жител на шумите и парковите, хранејќи се и гнездејќи на старите дрвја. По дрвјата се движат отсечно, потскокнувајќи со едната нога нанапред. Исхраната им се состои претежно од инсекти и ларви, но и од семиња, овошки, трошки, јајца и сл. Често прави дупки по кората на младите иглолисни дрва и им го пие сокот. За време на есента и зимата јаде повеќе растителна храна, суви плодови, боровинки, семки од иглолисните дрва. Тој ги кине шишарките, ги сместува во дупка на дрвото и со силниот клун им го вади семето. Може да изеде семе од 50 шишарки дневно. Гнездата ги прави во дупките на дрвата кои сам ги издупчува. Ги постилаат со меката гнилеж од дрвото и несат 4-8 бели јајца кои ги лежат 12-13 дена. Родителите ги хранат младенчињата дваесетина дена, а потоа тие го напуштаат гнездото. Возрасните продолжуваат да ги хранат младенчињата уште околу три недели, а потоа тие целосно се осамостоени.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.