Генерален секретар на Обединетите нации
From Wikipedia, the free encyclopedia
Генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации — раководител на Секретаријатот на ООН, еден од главните органи на ООН. Генералниот секретар едновремено е и гласноговорник и предводник на Обединетите нации.

Функција
Функцијата на Генералниот секретар била зацртана уште при основањето на ООН во 1945. година како „светски преговарач“, но со Повелбата на ООН (член 97) неговата функција е определена како „главен администратор“. И покрај тоа, сите досегашни носители на оваа функција истапувале во името на светските интереси и имале значајна улога во глобалните прашања.
Резиденцијата на Генералниот секретар е петкатна зграда на Менхетен, во Њујорк.
Мандат и избор
Генералниот секретар има мандат од 5 години, со можност за реизбор. Најголемиот број вршители на оваа функција биле избирани на по два мандати. Според Повелбата на ООН, Генералниот секретар го назначува Генералното собрание на ООН, а го номинира Советот за безбедност. Поради тоа, изборот на Генералниот секретар е подложен на вето, односно мора да биде со согласност на сите постојани членки на Советот за безбедност.
Во пракса, ниеден Генерален секретар не бил од земјите кои се постојани членки на Советот за безбедност, и сите биле избирани како резултат на најширок можен компромис.
Досегашни Генерални секретари
# | Генерален секретар | Мандат | Државјанство | Причина за повлекување | Реф. |
---|---|---|---|---|---|
Гледвин Џеб | 24.10.1945 – 1.2.1946 | ![]() (Европа) | Бил вршител на должноста до изборот на првиот Ген. секретар. | ||
1 | ![]() Тригве Ли | 1.2.1946 – 10.11.1952 | ![]() (Европа) | Дал оставка поради притисокот од СССР. | [1] |
2 | Податотека:Dag Hammarskjold.jpg Даг Хамаршелд | 10.4.1953 – 18.9.1961 | ![]() (Европа) | Загинал во авионска несреќа во Северна Родезија (денес Замбија), додека бил на мировна мисија во Конго. | [2] |
3 | ![]() У Тант | 30.11.1961 – 31.12.1971 | ![]() (Азија) | Не сакал да се кандидира за трет мандат. | [3] |
4 | Курт Валдхајм | 1.1.1972 – 31.12.1981 | ![]() (Европа) | Кина ставила вето на неговиот трет мандат. | [4] |
5 | Хавиер Перес де Куељар | 1.1.1982 – 31.12.1991 | ![]() (Јужна Америка) | Не сакал да се кандидира за трет мандат. | [5] |
6 | Бутрос Бутрос Гали | 1.1.1992 – 31.12.1996 | ![]() (Африка) | САД ставиле вето на неговиот втор мандат. | [6] |
7 | ![]() Кофи Анан | 1.1.1997 – 31.12.2006 | ![]() (Африка) | Се повлекол по два мандати. | [7] |
8 | ![]() Бан Ки Мун (반기문;潘基文) | 1.1.2007–31.12.2016 | ![]() (Азија) | 31 декември 2016. | [8] |
8 | ![]() Антонио Гутерес (반기문;潘基文) | 1.1.2017– | ![]() (Европа) | На функција. | |
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.