поранешен амам и денешна уметничка галерија во Гевгелија, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Гевгелиски амам — еден од најзачуваните објекти од отоманската архитектура во Гевгелија. Амамот е изграден во почетокот на XIX век. Амамот конечно бил обновен во 2013 година при што бил зачуван оригиналниот изглед со две куполи - една мала и една голема. Објектот сега служи како ликовна галерија во склоп на Националниот музеј - Гевгелија. Амамот е прогласен за споменик на културата на Македонија.[1][2]
Поради лошата состојба, идејата за реконструкција и оживување на оваа градба, била присутна повеќе децении, помеѓу пошироката културна јавност во Гевгелија. Со изработката на Главниот проект во 1993 г., а подоцна и Анексот на главниот проект од страна на д.и.а. Мирјана Димовска-Чоловиќ, бил создаден патот за реализација на овој проркт. Во недостаток на други извори на финансирање на проектот, во 2004/05 година, по воспоставување на контактот со градоначалникот на Општина К’рач (денес Есенјурт) во Истанбул (Турција), Хамит Ончу, дошло до преговори за финансирање на овој проект од нивна страна. Кон реализацијата на проектот се вклучила и Локалната самоуправа на Општина Гевгелија. Кон крајот на 2006 година, градежните работи на самиот објект и анексот биле завршени. Недостатокот на материјални средства за поставување на метална (бакарна) оплата врз куполите на амамот, се реализирале нешто подоцна, во текот на 2011/12 година, кога повторно Локалната самоуправа на Општина Гевгелија, обезбедила средства за завршеток на овој проект. Така, по реновирањето амамот станал ликовна галерија во рамките на Музејот во Гевгелија.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.