From Wikipedia, the free encyclopedia
„Втора книга Ездра“ — книга од Стариот завет.
Царот Јосија ја прославува Пасха и го враќа ковчегот на заветот во божјиот храм во Ерусалим. Тој умира по битката со египетскиот цар, а народот ја оплакува неговата смрт. Следните цареви по него, заедно со народот, водат грешен живот и отстапуваат од божјите закони така што Господ се разгневува. Тогаш, Вавилонците го освојуваат Ерусалим, го уриваат храмот, а луѓето ги испраќаат како робови во Вавилон. Подоцна, персискиот цар Кир издава проглас со кој им дозволува на Израилците да се вратат во татковината и да го обноват храмот, при што дава и богати прилози за неговата изградба. Меѓутоа, непријателите на Израилците испраќаат писмо до следниот цар Артаксеркс со клевета против градителите и царот наредува да се запре изградбата на храмот. За време на владеењето на царот Дариј, тројца негови телохранители пишуваат беседи со намера да го восхитат царот: едниот го воспева виното, другиот пишува пофалба за царската моќ, а третиот, Зоровавел, пишува за жените и за вистината. Зоровавел победува и го замолува царот Дариј да им дозволи на Израилците да го обноват храмот. Тогаш, царот издава наредба за продолжување на изградбата на храмот, на градителите им дава богати дарови и воведува посебен данок за финансирање на храмот. Така, вкупно 42 360 Израилци над 12-годишна возраст се враќаат во татковината, заедно со 7 348 слуги и 245 певци. По неколку месеци, народот се собира во Ерусалим и му гради жртвеник на Бога, а во втората година по враќањето започнува изградбата на храмот. Меѓутоа, власта испраќа писмо до царот Дариј, кој во старите летописи го пронаоѓа указот на царот Кир и наредува повеќе да не се попречува изградбата на храмот. Така, по некое време, изградбата завршува успешно, по што се осветуваат свештениците и започнува прославата на Пасха и на другите празници.[1]
За време на владеењето на царот Артаксеркс, учениот човек Ездра, кој потекнува од коленото на првосвештеникот Арон, заминува од Вавилон во Ерусалим за да ги проповеда божјите закони, а царот му дава заштита и помош. Со себе, Ездра поведува и повеќе левити и свештеници. По пристигнувањето во Јудеја, тој дознава дека народот, свештениците и началниците отстапиле од божјите закони, склучувајќи мешани бракови со другите народи. Поради тоа, Ездра многу тагува и упатува молитва кон Бога, барајќи прошка. Народот му дава целосна поддршка и Ездра ги собира сите Јудејци во Ерусалим и ги испрашува сите кои зеле жени-туѓинки, а тие, пак, се заветуваат дека ќе ги остават жените. Потоа, пред насобраниот народ, Ездра ги чита и ги толкува Мојсиевите закони.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.