Вртешка
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Вртешка — мало село во областа Радовишки Шоплук, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Вртешка | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°45′32″N 22°25′05″E | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Област | Шоплук |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30006 |
Надм. вис. | 1.060 м |
Вртешка на општинската карта Атарот на Вртешка во рамките на општината | |
Вртешка на Ризницата |
Ова мало село се наоѓа во областа Радовишки Шоплук, во југоисточниот дел на територијата на Општина Карбинци, чиј атар се издига до сртот на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на Општина Радовиш.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.060 метри. Од градот Штип е оддалечено 26 километри.[2]
Селото се наоѓа во западните ограноци на Плачковица, во етнографскиот предел Радовишки Шоплук. Вртешка е едно од шесте плачковички села, кои припаѓаат на шопската етнографска целина.
Во 2020 година, селото добило асфалтиран пристапен пат до регионалниот пат Р2431 во должина од околу 1 километар.[3]
Над селото се наоѓа издвоена излетничка населба.
Во XIX век, Вртешка било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Атарот е голем и зафаќа простор од 21,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.828,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 139,3 хектари, а на обработливото земјиште само 84 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција, но таа не е доволно развиена.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 54 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вртешка имало 80 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Селото е мало, на пат сосема да се расели. Во 1961 година селото броело 137 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 8 жители, македонско население.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Вртешка живееле 6 жители, сите Македонци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 54 | 80 | 210 | 250 | 137 | 108 | 16 | 12 | 8 | 6 | 0 |
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Вртешка, се наоѓале и селата Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2328 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Прналија. Во избирачкото место се опфатени селата Вртешка, Ебеплија и Прналија.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 153 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.