From Wikipedia, the free encyclopedia
Нов Зеланд има две часовни појаси. Главните острови користат новозеландско стандардно време (NZST), 12 часа понапред од координираното универзално време (UTC), додека пак оддалечените Четемски Острови користат четемско стандардно време (CHAST), 12 часа и 45 минути пред UTC.
Часовен појас | Стандардно време | Летно време |
---|---|---|
Нов Зеланд | UTC+12:00 | UTC+13:00 |
Четемски Острови | UTC+12:45 | UTC+13:45 |
Токелау | UTC+13:00 | |
Кукови Острови | UTC-10:00 | |
Ниуе | UTC-11:00 | |
Моменталното време во Нов Зеланд е: {{time}} — грешка при пресметување на времето и датумот (dst) (помош) | ||
Моменталното време на Куковите Острови е: 13:15 4 ноември 2024 | ||
|
Во текот на летото (точни датуми подолу) се практикува летно сметање на времето кога часовниците се поместуваат за еден час нанапред. Така, новозеландското летно време (NZDT) е 13 часа понапред од UTC, а Четемското летно време (CHADT) е 13 часа и 45 минути понапред од UTC.
Росовата Зависност на Антарктикот го следи новозеландското време (NZST/NZDT), заедно со станиците Мекмердо и Амундсен-Скот.
Покрај ова, Нов Зеланд има зависни територии со две различни часовни појаси кои лежат на другата страна од меѓународната датумска граница:
Започнувајќи од 2007 г. во Нов Зеланд летното време започнува од последниот ден недела во септември до првиот ден недела во април.
Стандардот за време во Нов Зеланд е во надлежност на Лабораторијата за мерни стандарди, дел од претпријатието Industrial Research Limited. Точното време се прогласува на повеќе начини, како емитување на тонови на Радио Нов Зеланд, точно време по телефон и мрежен временски протокол (NTP).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.