Врапче камењарче
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Врапчето камењарче (науч. Petronia petronia) е мала врапчевидна птица од семејството на врапчињата. Живее низ неплодните карпести ридови од Пиринејски Полуостров, северозападна Африка преку јужна Европа до Средна Азија. Го има и во Македонија. Тоа е претежно постојан жител, но азиските птици се селат понајуг или се движат подолу по планините. Редок скитник е на север од својот опсег.
Врапче камењарче | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Врапчиња |
Род: | Petronia |
Вид: | Врапче камењарче |
Научен назив | |
Petronia petronia (Linnaeus, 1766) | |
Врапчето камењарче е малку поголемо од градското врапче, со должина 15 - 17 см. Нема полов диморфизам, мажјаците и женките се исти. Тие се претежно сивокафеави. Одозгора и крилјата им се прошарано кафеави, ододздола посветли со потемни линии, имаат белкава линија над окото, и препознатлива, но тешко забележлива лимонжолта точка на грлото, која кај мажјаците е посветла. На опашката има бели рабови. Пеењето му е гласно и зарипнато.
Живеалиштето на оваа птица се подножјата на планините и планинските падини, обично крај каменитите потоци и карпи. Летот му е пргав и брз, а на земја лесно се движи меѓу камењата. Се среќаваат и во градските средини каде им одговара средината и климата.
Вон сезоната на парење птиците се собираат во јата во потрага по храна.
Се хранат со семиња, но и со инсекти.
За разлика од повеќето од врапчињата, камењарчето е полигамично и мажјакот има 3-4 женки. Гнездат во колонии, понекогаш и многу големи. Гнездата се вообичаени, топчести, со страничен влез, а ги поставуваат во пукнатините на карпите, меѓу камењата, во пештерите или дупките претходно направени од бреговите ластовички или пчеларките, дупките во дрвјата или на зградите. Гнездото е грубо, лабаво и големо, направено од гранчиња и суви тревки, послано со пердуви или меки тревки. Одозгора е секогаш покриено со надвиснат камен, гранка или дел од градбата на зграда. Несат 4-7 бели јајца со кафеави дамки.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.