Воздух
From Wikipedia, the free encyclopedia
Воздухот — гасовита материја составена претежно од азот (78%), кислород (21%); останатиот 1% го сочинуваат материи како јаглерод диоксид, водород, хелиум, водена пареа и други. Воздухот е неопходен за опстанок на животот на Земјата. Најважен елемент на воздухот за одржување на животот на Земјата е кислородот. Него го користат и растенијата и животните. Животните и човекот не можат да издржат без воздух повеќе од неколку минути. Растенијата, низ процесот фотосинтеза, се најголеми производители на кислород. Водните алги и фитопланктоните се исто така производители на кислород, но со помал интензитет. Уништувањето на шумите и загадувањето на воздухот и водите се фактори кои ја зголемуваат опасноста од намалување на кислородот.


Воздухот како тема во уметноста и во популарната култура
Воздухот како тема во книжевноста
- „Воздухот на водата“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1934 година.[1]
- „Пофалба на воздухот“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[2]
Воздухот како тема во музиката
- „Од воздухот“ (From the Air) - песна на американската музичарка Лори Андерсон од 1982 година.[3]
- „Вечерва во воздухот“ (In the air tonight) - песна на британскиот пејач „Фил Колинс“ (Phil Collins) од 1981 година.[4]
- „Воздухот што го дишам“ (The air that I breathe) - песна на англиската група The Hollies од 1974 година.[5]
- „Воздух“ (Air) - песна на американската група „Токинг хедс“ (Talking Heads) од 1979 година.[6]
- „Тенкиот воздух“ (The Thin Air) - песна на британската рок-група „Магазин“ (Magazine) од 1979 година.[7]
- „Горе во воздухот“ (Up In The Air) - песна на американската рок-група „Хускер Ду“ (Hüsker Dü) од 1987 година.[8]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.