семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Водни божури (науч. Nymphaeaceae) — семејство на водни растенија. Сите живеат во слатките води во умерените и тропските области во светот. Фамилијата содржи 8 родови. Постојат околу 70 видови на водни божури. Родот Nymphaea содржи околу 35 видови распространети низ северната полутопка. Родот Victoria се состои од два вида на џиновски водни божури и може да се најде во Јужна Америка. Водните божури се вкоренети во почвата на дното од водното тело, а листовите и цветовите пловат по водната површина. Листовите се округли, радијални кај Nymphaea и Nuphar и целосно заоблени кај Victoria.
Водни божури Период: рана креда - денес | |
---|---|
Ѕвездест воден божур (Nymphaea nouchali) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
Ред: | Воднобожуровидни |
Семејство: | Водни божури Salisb. |
Родови | |
| |
Синоними[1] | |
|
Стеблата на водните божури поседуваат распрскани спроводни снопчиња, воздушни канали, латицифери (секреторни клетки) и стелатни, односно ѕвездовидни лушпи (склереиди). Некои претставници имаат многу нежни и кршливи стебла и листови, како што е видот Nymphaea odorata. Присутни се голем број на алкалоиди.
Цветовите се хермафродитни. Венечните ливчиња се 4 до 12 на број, при што може да се одделни или сраснати. Бројот на прашниците изнесува 3 или многу повеќе. Највнатрешните прашници може да се стерилни (стаминодии), додека филаментите на прашниците се слободни или сраснати. Поленот е моносулкатен или инапертуратен. Плодните листови се 3 или повеќе на број. Плодникот е натцветен или потцветен. Плацентацијата е париетална (што значи дека семеновите зачетоци се прикрепени за ѕидот на плодникот), додека бројот на семеновите зачетоци најчесто е 1, но може и да е повеќе. Плодот може да биде збир од оревчиња, бобинка или дехисцентна месеста капсула (капсула која спонтано распукнува при расејувањето на семето).
Родот Barclaya понекогаш се сместува во посебна фамилија - Barclayaceae, врз основа на издолжената околуцветна цевка (збир на чашкини и венечни ливчиња кои се издигнуваат од врвот на плодникот и од прашниците кои се споени во основата). Но, скорешните истражувања сепак го класифицираат во Nymphaeaeceae.
Во минатото, во оваа фамилија се вклучувал и таксонот Cabombaceae, но најчесто тој се смета за посебна фамилија во истиот ред (воднобожуровидни). Исто така, и фамилијата Nelumbonaceae некогаш била дел од водните божури, но со истражувањата се покажа дека претставниците се всушност силно изменети еудикоти во редот Proteales. Редот Nymphaeales е еволутивна линија која е одделна од монокотиледоните или еудикотите (вистинските дикотиледони).
Сегашната филогенетска позиција на редот во кој припаѓа оваа фамилија е:
Angiospermae |
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.