село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Владимирица или Ладомерица (албански: Lladomericë) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани.[1]
Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на самата граница со Македонија, каде од другата страна е торбешкото село Отишани, Општина Дебар. На кусо растојание на северозапад е селото Пасинки.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Владомирица (Vladomiritza) е село село со 17 домаќинства сочинети од 42 жители Торбеши.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Радомирица живееле 440 Македонци-муслимани.[3][4]
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Владимирци се води како село со 100 куќи на Македонци-муслимани.[3][5]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.