Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вистан Хју Оден (анг. Wystan Hugh Auden, W.H. Auden; 21 февруари 1907 - 29 септември 1973 )) — англо-американски поет, за многумина еден од најголемите во текот на XX век.[1] Неговото творештво е значајно по стилистичките и технички достигнувања, по обработката на моралните и политички прашања, како и по разноликоста на тонот, формата и содржината.[2][3] Централни теми во неговата поезија се искрената љубов, политиката и државјанството, религијата и моралот, како и односот меѓу човечките суштества и анонимниот, далечен свет на природата. Кон крајот на животот ја добил престижната поетска награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Вистан Хју Оден | |
---|---|
Оден во 1939 г. | |
Роден/а | 21 февруари 1907
Јорк, Англија |
Починат/а | 29 септември 1973
Виена, Австрија |
Занимање | поет, есеист |
Оден израснува во Бирмингем во добростоечко семејство од средната класа и чита англиска литература на Оксфорд. Неговите први песни, од крајот на 1920-тите и 1930-тите, наизменично се под влијание на мрачните модерни стилови и јасните традиционални и се пишувани со жесток и драматичен тон. Три драми напишани во соработка со Кристофер Ишервуд во 1935-38 ја воспоставуваат неговата репутација на левоориентиран социјален поет и пророк. Во доцниот период од 1930-тите сакајќи да ја одбегне оваа репутација, тој заминува за САД. Неговата поезија од 1940-тите истражува религиозни и етички теми на понеемотивен начин во однос на првите дела, но сѐ уште комбинира нови форми измислени од самиот Оден со традиционалните форми и стилови. Во 1950-тите и 1960-тите многу од неговите поеми се фокусираат на начинот на кој зборовите ги откриваат и кријат чувствата и развива особен интерес во пишувањето на оперски либрета, форма која идеално му одговара за да искаже моќни чувства.[4]
Од околу 1927 до 1939 година Оден и Ишервуд одржувале трајно но спорадично сексуално пријателство.[5] Во 1939 година Оден се вљуби во Честер Калман и ја сметал нивната врска како брак; ова заврши во 1941 година, но тие го одржале нивното пријателство и од 1947 до смртта на Оден тие живееле во иста куќа или стан во не-полов однос, често соработувајќи на оперски либрета.
Оден е исто така и плоден писател на прозни есеи и рецензии на литературни, политички, психолошки и религиозни теми, поради што неколкупати работи на документарни филмови, поетски драми и многу други уметнички облици. Во текот на неговиот живот Оден се здобива со приматите контроверзен и влијателен. По неговата смрт, неколку негови песни, особено "Погребен Блуз" ("Запрете ги сите часовници") и "1 септември 1939", стануваат особено популарни преку нивното често користење во филмови, преноси и низа популарни медиуми.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.