Вислански Провлак (полски: Mierzeja Wiślana; руски: Балтийская коса; германски: Frische Nehrung) — песочен провлак,[1] или полуостров, кој ги дели Висланскиот и Гдањскиот Залив во Балтичкото Море. Долж него се протега границата меѓу Полска и Русија (поточно, ексклавата Калининградска Oбласт), делејќи го на две земји. На провлакот се наоѓа најзападната точка на Русија. На полската е сместено одморалишното место Крињица Морска.
Сè до XIII век, провлакот на средината имал пловен проток, преку кој градот Елблонг излегувал право на Валтичкото Море. Кон крајот на векот, протокот се затворил и градот изгубил значење како важно трговско пристаниште. Наместо Елблонг, најважниот трговскиот примат му припаднал на Гдањск, воедни и поради освојувањата на градот и Полското Поморје од страна на Тевтонскиот ред во 1308 г.
За време на Втората светска војна, Висланскиит Провлак бил последното упориште на преостанатите германски војници во Источна Прусија, иако советската војска го одминала провлакот по решителниот исход од Источнопруската операција, задржувајќи се на заземањето на Берлин. Последните германски војници на ова подрачје се разоружале дури по капитулацијата на Германија.
Курсениеките (или Куршиникаи) се речиси изумрен балтички народ кој денес живее долж Курскиот Провлак. Во 1649 г. го населувале целото подрачје од Мемел (Клајпеда) до Данциг (Гдањск). Со време, овој народ се асимиларал во германското население, со исклучок на оние на Курскиот Провлак, каде живеат и денес. Сè до осамостојувањето на Латвија во меѓувоениот период, Курсениеките се сметале за Латвијци, поради јазичните сличности, но подоцна латвиската држава се откажала културните и територијални претензии на Курскиот Провлак, Мемел и други територии во Источна Прусија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.