From Wikipedia, the free encyclopedia
Виктор Борисович Шкловски (руски: Виктор Борисович Шкловский; 24 јануари 1893 во Санкт Петербург - 6 декември 1984 во Москва) — руски и советски критичар, писател, и памфлетист.
Шкловски е роден во Санкт Петерзбург, Русија, и го посетувал универзитетот во Санкт Петерзбург . За време на Првата светска војна, тој служел како комесар во руската армија, како што е опишано во неговите мемоари, Сентиментани патувања, спомени. Тој е основач на ОПОЈАЗ (Друштво за проучување на поетскиот јазик), една од двете групи, зедно со Московскиот лингвистички круг, кои ги развиле критичките теории и техники на руските формалисти.
Во прилог на книжевната критика и биографиите за автори како Лоренс Стерн, Максим Горки, Лав Толстој, и Владимир Мајаковски, тој напишал голем број на полуавтобиографски дела преправени во фикција, кои исто така служеле како експерименти во неговите развојни теории на литературата.
Шкловски е можеби најпознат за развој на концептот на остранение или очудување (исто така преведена како „онеобичување“) во литературата. Тој го објаснил овој концепт во важниот есеј „Уметноста како техника“ (исто така преведена како „Уметноста како постапка“) која ја сочинува првата глава од плодотворната „Теорија на прозата“, за првпат издадена во 1925 година: „Целта на уметноста е да го пренесе чувството на нештата како што тие се перципираат, а не какошто се познати. Техниката на уметноста е објектите да се направат „непознати“, за да се формираат тешкотии, за да се зголеми тежината и должината на перцепцијата, бидејќи процесот на перцепција е естетска цел сама по себе и мора да биде продолжена. Уметноста е начин на доживување на уметноста на објектот; самиот објект не е важен.“ (Шкловски, „Уметноста како техника“, 12) Со други зборови, уметноста ги претставува нештата во ново, непознато светло по пат на формална манипулација. Тоа е она што е уметничко во уметноста.
Работата на Шкловски ги турка руските формалисти кон разбирање на литературната активност како составен дел на општествената практика, идеја што станува важна во делата на Михаил Бахтин и припадниците на руската и прашката школа за семиотика.
Тој починал во Москва во 1984 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.