Венец (Трстеник)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Венец — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Трстеник. Претставува гроб од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ на Ѓуришки манастир во месноста Венец, во која е подигната станицата на Метеоролошкиот завод од Скопје. При изградбата на објектот, со механизацијата бил откриен и делумно оштетен гроб – тип циста, граден од камени плочи, поставен во правец североисток-југозапад. Дното на гробот било покриено со четвртести тули наредени една до друга и врзани со варов малтер. Погребувањето е со инхумација, а покрај левиот колк на покојникот е најдено керамичко сатче – бокал со црвеникава боја.[1]
„Ѓуришки Манастир - Венец“ | |
Гробови во дворот на манастирот | |
Местоположба | 41°54′11″N 21°50′15″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Трстеник |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.