From Wikipedia, the free encyclopedia
Валтер Вилхелм Георг Боте (германски: Walther Wilhelm Georg Bothe; 8 јануари 1891 — 8 февруари 1957 ) — германски јадрен физичар, кој добил Нобелова награда за физика во 1954 година, заедно со Макс Борн.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Валтер Боте | |
---|---|
Боте во 1950-тите | |
Роден(а) | 8 јануари 1891 Ораниенбург, Германско Царство |
Починал(а) | 8 февруари 1957 66) Хајделберг, Западна Германија | (возр.
Националност | Германија |
Полиња | физика, математика, хемија |
Установи | Берлински универзитет Гисенски универзитет Хајделбершки универзитет Макс Планков инситут за медицински истражувања |
Образование | Берлински универзитет |
Докторски ментор | Макс Планк |
Докторанди | Ханс Ритер фон Бајер |
Познат по | Случајно коло |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1954) Медал Макс Планк (1953) |
Во 1913 година, се приклучил на новосоздадената лабораторија за радиоактивност во Царскиот институт за физика и техника, каде што останал до 1930 година, а подоцна и неколку години како директор на лабораторијата. Тој служел војска за време на Првата светска војна од 1914 година и бил затвореник од страна на Русите и се вратил во Германија во 1920 година. После неговото враќање во лабораторијата ги развил и ги применил методите за совпаѓање во студијата за јадрени реакции, Комптон ефект, космички зраци и бран-честичка двојност на радиација и поради тоа ја добил Нобеловата награда за физика во 1954 година.
Во 1930 година станал редовен професор и директор на одделот за физика на Гисенскиот универзитет. Во 1932 година, тој станува директор на институтот за физика и радиологија на Хајделбершкиот универзитет. Тој бил симнат од оваа позиција од членовите на движењето „германска физика“. За да ја спречи својата емиграција од Германија, тој бил поставен за директор на одделот за физика на Институтот „Цар Вилхелм“ во Хајделберг. Таму тој го создал првиот оперативен циклотрон во Германија. Понатаму, тој станува водител на германскиот јадрен енергетски проект кој бил познат како Ураниум Клуб, кој започнал со работа во 1939 година под супервизија на војската.
Во 1946 година, од институтот за физика, тој бил преименуван како професор на Хајделбершкиот универзитет. Од 1956 до 1957, тој бил член на работната група за јадрена физика во Германија.
Една година по смртта на Боте, неговиот институт за физика бил издигнат во Макс Планков институт за јадрена физика. Понатаму тој наречен „Лабораторија Боте“.
Боте бил син на Фридрих Боте и Шарлот Хартунг. Од 1908 до 1913, Бот студирал Friedrich-Wilhelms-Универзитет(денешен, Humboldt-Universität zu Berlin). Во 1913, тој бил асистент на Макс Планк. Тој доктирирал во 1914.[1][2]
Во 1913,Боте се приклучува кон Physikalisch-Technische Reichsanstalt (PTR,Reich Physical and Technical Institute; денешен Physikalisch-Technische Bundesanstalt), каде што останува до 1930. Ханс Гајгер бил поставен како дирктор на новата лабораторија за радиоактивност во 1912. На PTR, Боте бил асистент на Гајгер од 1913 до 1920, научен член на Генгеровиот тим од 1920 до 1927, и од 1927 до 1930 тој успеал Гајгер да го направи диркетор на лабораториајта за радиоактивност..[1][2][3][4]
Во мај 1914, Боте служел како доброволец на германската коњаница. Тој бил затоворен од русите и депортиран во Русија за 5 години. Таму тој го учел рускиот јазик и работел на теоретски физички проблеми поврзани со неговите докторски студии. Тој се вратил во Германија во 1920,со руска невеста.[3]
После неговото враќање од Русија, Боте продолжува со неговата работа во PTR под раководство на Ханс Гајгер во лабораторија за радиоактвност.Во 1924, Боте го објавува неговиот метод на совпаќање. Потоа во наредните години, тој го применува овој метод во експерименталните сутидии за јадрените рекации,Комптони ефекти и двојна бран-честичка на светлината. Бетеовиот метод на совпаѓање и неговата апликација му ја денесе ногвата Нобелова награда за физика во 1954.[4][5][6][7]
Во 1925, додека бил сè уште во PTR, Боте станува приватен доцент на универзитетот во Берлин, што значи дека тој ја има комплетирано неговата хабилитација и во 1929, тој станал ausserordentlicher Professor таму.[1][2]
Во 1927,Боте ја започнал студијата за транс мутација на светлосни елементи со алфа-честички. Од заединчкото истажување со Х. Франц и Хаинц Посе во 1928, Боте и Франц ги поврзале реакционите продукути од јадрените интеракции со јадрените енегетски нивоа.[3][4][7]
Во 1929, во соработка со Вернер Колхостер и Бруно Роси кои биле гости во Ботеловата лабораторија на PTR, Боте ја започнал студијата за космички зраци. Студијата за космичка радиација била спроведувана од страна Бота до крајот на негиовиот живот.[4][7]
Во 1930, тој станува ordentlicher Professor (редовен професор) и директор на оделот за физика во Justus Liebig-Universität Gießen. Таа година, работејќи со Херберт Бекер, Боте бомбардирал берилиум ,бор, и литиум со алфа четички од полониум и добил нова форма на пенетрирачка радиација. Во 1932,Џејмс Кадвик ова зрачење ја идентификувал како неутрон.[1][2][3]
Во 1932, Боте го назначил Филип Ленард за директор на Physikalische und Radiologische Institut (институот за физика и радиологија) на универзитетот во Хајделберг. Потоа Рудолф Флешман станал асистент на Боте. Кога Адолф Хитлер станал канцелар на Германија на 30 јануари 1933, концептот на Deutsche Physik станува главен фаворит; тој бил анти семитски и против теоретска физика,особено против современата физика, вклучувајќи ја квантанта механика и атомската и јадрена физика.Како применета универзитетска наука, политичките фактори му дале приоритет на историски применет концепт во научните способности,[8] иако неговите најглавни поддржувачи биле Нобелови добитници за физика Филип Ленард [9] и Јоханес Старк.[10] Поддржувачите на Deutsche Physik го промовирале неправилниот напад против водечките теориски физичари. Иако Ленард бил пензиониран од универзитетот во Хајделберг, тој сè уште имал значајно влијание таму. Во 1934, Ленард успеал да му олесни на Боте за неговара позиција на директор во интституот за физика и радиологија на универзитетот во Хајделберг, после што Боте можел да стане директор во Institut für Physik (институот за физика) во Kaiser-Wilhelm Institut für medizinische Forschung (KWImF, Kaiser Wilhelm Institute for Medical Research; денешен, t Max-Planck Institut für medizinische Forschung) во Хајделберг.Лудолф Вон Керхл, директор на KWImF и Макс Планк,прецедател на Kaiser-Wilhelm Gesellschaft (KWG, Kaiser Wilhelm Society, денешен Max Planck Society),му понудил на Боте директорска функција за да може емигрира. Боте ја прифатил директорската функција во инстиутот за физика во KWImF сè до неговата смрт 1957. Додека во KWImF, Боте бил хонорарен професор во универзитетот во Хајделберг до 1946.Флешмен отишол кај Боте и работел со него до 1941. Како негов вработен, Боте ангажирал науичници вклучувајќи ги Волфганг Гентнер (1936–1945), Хајнц Маиер- Лејбниц (1936-?) кој го имаат направено неговиот докторат со Нобеловиот лауреат Џејмс Френк кој бил препорачан од Роберт Пол и Џорџ Џос, и Арнолд Фрамелсфилд (1939–1941).Исто така биле во неговиот тим биле вклучени Питер Јенсен и Ервин Фунфер.[1][2][3][11][12][13][14]
Во 1938, Боте и Гентнер го издале трудот за зависнот на енергија на јадрениот фото ефект. Ова било провота јасна евиденција дека јадрената апсорпција е кумулативна и конитунирарна, којшто ефект е познат како биполарен јадрен одговор. Ова било теоретски објаснето во наредната деценија од физирчарите J. Ханс D. Јенсен, Helmut Steinwedel, Peter Jensen, Michael Goldhaber, and Edward Teller.[3]
На крајот од 1937,забразниот успех на Боте и Гентер резултира со гредење и истражување на Ван де Графивиот генератор што ги одведе да го разгледаат изградувањето на циклотрон. Во ноември, извештајот бил испратен на прецедателот на Kaiser-Wilhelm Gesellschaft (KWG, Kaiser Wilhelm Society; денешен Mакс Планк здруженија), и Боте почнал да ги обезбедува средствата од Helmholtz-Gesellschaft (Helmholtz Society; денешен Helmholtz Association of German Research Centres),'Badischen Kultusministerium (Министерството за култура- Баден), I.G. Farben, KWG, и други истражувачко ореинтирани агенции. Почетните ветувања доведоа до нарачка на магнет од Сименс од септември 1938, меѓутоа понатамошното финасирање станало проблематично. Во тоа време, Гентенр продолжил со неговите истражувања на нукеларниот фото ефект, со помош на Ван де Графиовиот генератор,со чие надградување призвел енергии само 1 MeV. Кога неговто истражување било комплетирано со 7Li (p, gamma) и 11B (p, gamma) реакции, и на нукеларниот изомер 80Br, Гентер го посветил целиот негов напор на градење на планираниот циклотрон.[15]
За да ја подпомогне конструкцијата на цилотронот, кон крајот на 1938 и почетокот на 1939, со помош на Helmholtz-Gesellschaft, Гентер го пратил во лабораторијата за радиација на универзитот во Калифорнија ( денешен Лорес Беркли национална лабораторија) во Беркли Калифорнија. Како резултат на посетата, Гентнер формилирал коопералтивна соработка со Емилио Серџе и Доналт Кукси.[15]
После примријето на Франција и Германија во летото 1940, Боте и Гентнер ги примиле нарачките за го испитаат циклотронот на
Frédéric Joliot-Curie кои го изградил во Париз. Додека тој бил граден, тој не бил оперативен. Во семептври 1940, Гентнер ги примил нарачките од група за да го стави циклотронот во функција. Херман Данзер од универзитетот во Франгфурт им помогнал во нивните вложувања. Додека во Париз, Гентнер можел да ги ослободи Frédéric Joliot-Curie и Paul Langevin, кои биле затворени и осудени. Кон крајот во зимата од 1941/1942, циклотронот бил оперативен со 7-MeV од деутерони. Ураниум и ториум
биле озрачени со снопови и нуспрозвод коишто биле пратени на Otto Hahn на Kaiser-Wilhelm Institut für Chemie(KWIC,Kaiser Wilhelm Institute for Chemistry, денешен Max Planck Institute for Chemistry)во Берлин. Во средината на 1942, Гентнеровиот успех во Париз, бил на Wolfgang Riezler од Бон .[15][16][17]
За време на 1941 кога Боте обезбедил сè што е потребно за да ја комплтира констукцијата на циклотронот. Магнетот бил испратен во март 1943, и првиот сноп на деутрон бил емитиран во декември.Почесната церемнија за циклотрон била оджзана на 2 јуни 1944. Додека други циклотрони биле уште во констукција, Ботеовиот бил првиот оперативен циклотрон во Германија.[2][15]
Германсиот проект за јадрена енергија, почнал во пролет во 1939 под раководство на Reichsforschungsrat(RFR, Рич конзулат за истражување) од 'Reichserziehungsministerium (REM, Рич министерство за едукација). Од 1 септември Heereswaffenamt (HWA, Канцеларијата за борбена техника) го исклучил RFR и ја преземал одговорноста. Под конторла на HWA, Uranverein го имал својот прв состанок на 16 септември. Состанокот бил организиран од Курт Дајбнер, советник на HWA и бил одржан во Берлин. Поканети биле Валтер Боте, Зигфрид Флиге, Хас Гајгер, Ото Хан, Паул Хартек, Герхард Хофман, Јозеф Матаух и Георг Штетар. Вторниот состанок бил одржан наскоро на кое што биле поканети Клаус Клузиус, Роберт Депел, Вернер Хајзенберг и Карл Фридрих фон Вајцзекер. Кога Боте станал еден од водителите, Wolfgang Gentner, Арнолд Фламерсфелд, Рудолф Fleischmann, Erwin Fünfer, и Peter Jensen станале члениво во Uranverein. Нивното истражување било објавено во Kernphysikalische Forschungsberichte (Истражувачки извештаи во нукларната физика). За Uranverein, Боте и уште 6 члена од неговиот тим во 1942, работеле на експериментално одредување на атомски константи, енергетско распредлување на разградени честички, и јадрени вкрстени делови. Ботеовите експериментални резулатати од апсорпцијата на неутроните во графит биле главни во германската одлука за фаворизирање на тешка вода како неутронски модератор.[18][19][20]
Кон крајот на 1941 било очигледно дека проектот за јадрена енергија не можел да го даде одлучувачкиот приднес до крајот на војната. HWA конторлата од Uranverein бил откажан од RFR во јули 1942. Проектот за јадрена енергија бил продожен како важен за војната од страна на војската.Проектот за германската јадрена сила бил поделен на следниве делови: производство на ураниум и тешка вода, оделување на изотопи на ураниум, и 'Uranmaschine (нукларни реактори). Овој проект бил во основа поделен во 9 институти каде што доминирале директори коишто ги имале своите сопствени планови. Ботеовиот Институт за физика бил еден од деветте инстиути. Другите 8 инстиути кои помагале биле: Институт за физичка хемија во Ludwig Maximilian University of Munich, HWA Versuchsstelle (станица за тестирање) во Готоу, Kaiser-Wilhelm-Institut für Chemie, Физичко хемиски одел во Универзитетот во Хамбург.[19][21][22][23]
Како резултат на оденувањето во Русија за време на Прва светска војна, како воен затвреник, тој ја запознал Барбара Билоу, со која што се оженил во 1920. Тој имал 2 деца. Таа умрела пред него истата година.[7] Боте се занимавал со сликање и музика и свирел пијано.[7]
На Боте му биле доделени повеќе награди:[7]
1952-Витез на Ордер за заслуги на науките и уметностите 1953-Макс-Планк-Медал на Deutsche Physikalische Gesellschaft 1954- Нобелова награда за физика "за метод на совпаѓање и неговите откритија поврзани со тоа". Боте ја примил пола награда; а пола награда му ја препуштил на Макс Борн.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.