Вакизаши
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вакизаши — едниот од традиционално направените јапонски мечеви („нихонотоо“)[1][2] кои ги носеле самураите во Феудална Јапонија.[3]

Опис
Вакизаши обично има сечило помеѓу 30 и 60 см,[2] со оние вакизаши мечеви кои за малку ја достигнуваат должината на катаната се нарекуваат оо-вакизаши, додека оние вакизаши мечеви кои за малку ја достигнуваат должината на танто-мечевите се нарекуваат коо-вакизаши.[2] Вакизашите кои се носеле заедно со катаните биле официјален знак дека носителот е самурај или мечувалец. Кога се носеле заедно, како сет, мечевите се нарекувале даишо, што буквално се преведува како „голем-мал“.[4] Катана бил „големиот“ или долгиот меч, а уакизаши бил „малиот“ или придружниот меч.[5][6] Вакизаши не се нужно само помала верзија на катаната; тие можат да бидат стопени поинаку и да имаат различен пресек.[7]
Историја и употреба
Производството на мечеви во Јапонија е поделено на специфични временски периоди:
- Јокотоо (антички мечеви, до 900 г.)
- Котоо (стари мечеви од 900 – 1596 г.)
- Шинтоо (нови мечеви од 1596 – 1780 г.)
- Шиншинтоо (понови мечеви од 1781 – 1876 г.)
- Гендаитоо (модерни мечеви од 1876 – 1945 г.)[8]
- Шинсакутоо (новоизработени мечеви од 1953–)[9]
Уакизаши се користеле уште во XV[10] или XVI век.[11] Уакизаши се користеле како резервен или помошен меч; се користеле и за борби од близу, или за обезглавување на поразен противник,[12] а понекогаш и за извршување на сеппуку, ритуално самоубиство.[13] Уакизаши бил еден од неколкуте кратки мечеви што биле достапни за употреба од страна на самураите, вклучувајќи ги и мечевите јорои-дооти и чиса-катана. Терминот уакизаши првично не опишувал мечеви со која било официјална должина на сечилото[14] и бил кратенка од уакизаши но катана („меч што се носи странично“); терминот се однесувал на придружните мечеви од сите големини.[15] Дури во Едо периодот во 1638 година, кога владетелите на Јапонија се обиделе да ги регулираат типовите мечеви и социјалните групи на кои им било дозволено да ги носат, биле официјално поставени должините на катана и уакизаши мечевите.[16]
Канзан Сатоо, во својата книга насловена „Јапонскиот меч“, забележал дека се чини дека немало некоја посебна потреба од уакизаши мечот и сугерира дека тој можеби станал попопуларен од тантоо мечот затоа што бил посоодветен за борби во затворени простории. Тој го споменал и обичајот гостите да ја оставаат катаната пред вратата на замокот или палатата кога влегувале, но притоа продолжувале да го носат уакизаши мечот внатре.[17] Додека носењето катана било ограничено на класата самураи, уакизаши мечеви со законска должина (коо-уакизаши) можеле да носат општествената класа чоонин, која ги вклучувала трговците. Ова било вообичаено при патувањето поради ризикот да бидат пресретнати од разбојници.[18][19] Уакизаши се носеле на левата страна, прицврстени на појасот на половината (ува-оби или химо).[20]
- ГАЛЕРИЈА
- Надворешноста на лакиран уакизаши меч, направен по маки-е техника. Сечилото е направено од Фусамуне, кон крајот на XV - почеток на XVI век, а кориците (футролата) од XVIII век.
- Уакизаши од Едо периодот.
- Расклопен старински јапонски уакизаши со коширае и слични делови, со јасно видлив хамон (средишната линија на остриот дел од сечилото).
- „Уакисаши“ искован од Санпин Масатоши, ран XVII век. Расклопените коширае ги прикажуваат тсуба (штитникот), парот коогаи (игли за коса) и Козука (мал скриен нож) деловите. Изложени во Британскиот музеј.
Поврзано
- Корица за јапонски меч
- Оодачи
- Тачи
- Тсуруги
- Учигатана
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.