Хунзи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хунзи (наречени и Буруши или Бурушо или Хунзакути) — народ кој живее во Хунза, Северен Пакистан и во Индија. Не постои официјален консензус за нивното етничко потекло, но според недоволно проучени тврдења тие имаат „македонска крв“ и се потомци на Античките Македонци[2][3], па затоа самите и од Македонците се сметани како дел од македонскиот народ[4][5]. Хунзите се претежно муслимани, но во историјата практикувале шаманизам. Го зборуваат бурушаскиот јазик кој е изолиран јазик, т.е. несроден на ниеден друг јазик. Постојат околу 300 говорници на овој јазик и живеат во Сринагар, Индија.

Хунзите и воопшто регионот Хунза, ја имаат највисоката стапка на писменост во Пакистан. Хунза е голема туристичка атракција во Пакистан, и многу Пакистанци и странски туристи доаѓаат за да го уживаат живописниот пејзаж и за да го посетат овој древен народ. Овој реон е многу современ на секој план и е многу напреден за азиски стандарди.
Исто така, во 2001 година е преведена студијата „Основни бурушаски етимологии, индоевропските и палеобалканските афинитети на бурушаскиот јазик“ од Илија Чашуле, напишана на англиски јазик во 1998 година. Студијата обработува 80 бурушаски зборови со нагласено евро-индиско потекло. 64 збора, односно 80 отсто од приложените во дадената студија, своето етимолошко (фонетско и семантичко) потекло го имаат во античкомакедонскиот јазик, од тоа повеќето од половината наполно идентични и неизменети денеска се во активна употреба на територијата на Македонија.
Поврзано
- Хунза
- Гоџал
Надворешни врски
- Принцот на Хунзите горд што е во земјата на предците (македонски)
- Принцот и принцезата од Хунза од денес во Македонија (македонски)
- Музиката на Хунзите (англиски)
- Историја на Хунза (англиски)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.