From Wikipedia, the free encyclopedia
Двете Бурски војни (афр. Vryheidsoorlog, анг. Boer Wars) се воделе помеѓу Британската Империја и двете независни бурски републики - Слободната Држава Орање и Трансвалската Република (Јужноафриканска Република), основана од доселениците познати како Фуортрекери кои ја направиле т.н. Голем Трек од ’Ртската Колонија.
Кога се вели „Бурска војна“ во еднина, најчесто се мисли на Втората бурска војна.
Првата бурска војна (1880–1881), позната и како „Трансвалска војна“, бил релативно краток судир во кој бурските доселеници успешно се спротивставиле на обидот на Британија за припојување на Трансвал, и повторно се избориле за независна република. Овој судир е мошне забележлив по соодносот на жртвите - сразмерот Британци:Бури бил 10:1.
Втората бурска војна (1899–1902), за разлика од првата, била доготрајна војна со голем број на војска од многу британски територии, која завршила со тоа што бурските републики биле претворени во британски колонии, со ветување за ограничена самоуправа. Овие колонии подоцна го основале Јужноафриканскиот Сојуз.
Бурската војна претставува голема пресвртница во историјата на Британија, бидејќи по војната, најголемиот дел од светот станал антибритански настроен. Ова довело до промена на пристапот кон надворешните односи на Британија, која сега барала повеќе сојузници. Така, алијансата со Јапонија од 1902 г. може да се смета за знак дека британија страхувала од напад врз нејзините далекуисточни колонии и, со оваа алијанса увиделаљ можност да се зацврсти на Далечниот Исток. Оваа војна исто така довела до промена на политиката на „сјајна изолација“ во политика на барање на сојузници и подобрување на односите со светот. Подоцна воените спогодби со Франција и Русија („Антантата“), делумно причинети од контроверзите со Бурската војна, биле главен фактор за отцртувањето на борбените линии во Првата светска војна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.