Бромид — негативно наелектризиран јон (Br−) на елементот бром, припадник на халогените. Хемиските соединенија наречени бромиди се безбојни. Наоѓаат многу практични примени како антиконвулзиви, огноотпорни материјали, и вапсила на клетки.[3] Иако е ретко, долготрајното внесување на бромиди предизвикува бромизам, синдром со повеќе невролошки симптоми. Долготрајната изложеност може да предизвика и исфрлање на кожата. Бромидниот јон има јонски полупречник од 196 пм.[4]
| |||
Систематско име | бромид[1] | ||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
24959-67-9 | |||
Бајлштајн | 3587179 | ||
ChEBI | CHEBI:15858 | ||
ChEMBL | ChEMBL11685 | ||
ChemSpider | 254 | ||
Гмелин |
14908 | ||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
KEGG | C01324 | ||
PubChem | 259 | ||
| |||
UNII | 952902IX06 | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Конјуг. киселина | бромоводород | ||
Термохемија | |||
Ст. енталпија на образување ΔfH |
−121 kJ·mol−1[2] | ||
Стандардна моларна ентропија S |
82 J·mol−1·K−1[2] | ||
Pharmacology | |||
ATC код | N05CM11 | ||
Фармакокинетика: | |||
12 д | |||
Слични супстанци | |||
Други анјони | флуорид | ||
Дополнителни податоци | |||
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Застапеност во природата
Бромидот е присутен во типичната морска вода (35 ПЕС) во концентрација од околу 65 мг/л, што изнесува 0,2 % од сите растворени соли. Морската храна и длабокоморските растенија бично имаат повеќе бромид отколку копнената грана. Најчест бромиден минерал е бромаргиритот (кристално сребро бромид), но сепак е многу редок. Покрај среброто, бромот се содржи и во минерали смешан со жива и бакар.[5]
Образување и реакции на бромидот
Дисоцијација на бромидните соли
Бромидните соли алкалните, земноалкалните и многу други метали се раствораат во вода (па дури и некои алкохоли и естри) и даваат бромидни јони. Класичен случај е натриум бромидот, кој наполно се дисоцира во вода:
- NaBr → Na+ + Br−
Бромоводородот, кој е двоатомска молекула, добива солни својства во допир со вода, давајќи јонски раствор наречен хипобромна киселина. Процесот употресно може да се опише како образување на хидрониумска сол на бромидот:
- HBr + H2O → H3O+ + Br−
Хидролиза на бромот
Бромот лесно реагира со вода, т.е. претрпува хидролиза:
- Br2 + H2O → HOBr + HBr
Ова образува хипоброместа киселина (HOBr) и хипобромна киселина (HBr во вода). Растворот е наречен „бромна вода“. Хидролизата на бромот е поповолна во присуство на база, како на пример натриум хидроксид:
- Br2 + NaOH → NaOBr + NaBr
Оваа реакција е аналогна на производството на белило, каде хлорот се раствора во присуство на натриум хидроксид.[6]
Оксидација на бромот
Бромиден јон можеме да го испитаме додавајќи оксидатор. Едн метода користи разредена азотна киселина (HNO3).
Методата на Балард и Левиг може да послужи за вадење на бром од морска вода и извесни расоли. На пример, кога се испитува концентрација на бромиди се додава хлор, кој дава бром (Br2):[7]
- Cl2 + 2 Br− → 2 Cl− + Br2
Примена
Главната стопанска вредност на бромидот е во производството органобромни соединенија, кои се прилично специјализирани. Органобромните соединенија претежно се користат како огноотпорници, но дури и ова е спорна тема. Се произведуваат многу метални бромиди како LiBr, NaBr, NH4Br, CuBr, ZnBr2 и AlBr3. Претходно служел како сотојка во развивањето на фотографски филм, чија вредност опаѓа, а се користи и во течности за дупчење, кои бараат општонаменски густи соединенија и затоа таму има мала вредност.[8]
Биохемија
Бромидот ретко се споменува во биохемиски контекст. Некои ензими користат бромин како супстрат или кофактор.
Супстрат
Бромопероксидазните ензими користат бромид (обично во морска вода) за да создадат електрофилни броминирачки агенси. Со овој процес се добиваат стотици органобромни соединенија. Значаен пример е бромоформот, од кој по овој пат се поизведуваат илјадници тони годишно. Старинското ваписло пурпур се добива со слични ензимски реакции.[9]
Кофактор
Бромидот е неопходен кофактор во периксидирачката катализа на сулфониминските вмрежувања во колагенот IV. Оваа посттранслациска измена се јавува кај сите животни, а бромот е неопходен микроелемент за човекот.[10]
На еозинофилите им е потребен бромин за да се борат против повеќеклеточни паразити. Хипобромидот се произведува преку еозинофилска пероксидаза, ензим кој може да користи хлорид, но претпочита бромид.[11]
Испитано е дека просечната концентрација на бромид во човечката крв во Квинсленд, Австралија изнесува 5,3 ± 1,4 мг/л, и истата се разликува со староста и полот.[12] Многу повисоки количини укажуваат на изложеност на броминирани хемикалии. Се среќава и во морската храна.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.