Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брне Карнарутиќ (или Крнарутиќ) е задарски книжевник и правник. Роден е меѓу 1515 и 1520 година, а умрел кон крајот на 1572 или на почетокот на 1573 година.
Брне Карнарутиќ е роден во Задар и е помлад современик на Петар Зораниќ. Припаѓа на старо задарско аристократско семејство со многу имоти. Веројатно го посетувал латинското градско училиште во Задар, а подоцна бил судија и адвокат, а се претпоставува дека завршил правни науки некаде во Италија (можеби во Падова). Потоа се посветил на војската како капетан на хрватската коњаница. Но повторно се враќа на правото и неговото основно занимање останува адвокатурата.
По погибјето на кралот Људевит се појавуваат песните „Писан од Малте“ (за борбата кај Малта) и „Бог или вазетје Клиса“ (за заземањето и повторното губење на Клиса), за кои се смета дека се песни на Брне Карнаутиќ. Иако се пишувани во формите на уметничкото поетство, првата во осмерец, втората во дванаестерец, сепак во нив преовладува народен тон. Таков тон преовладува во сите слични пригодни песни за војните со Турците.
Во неговите дела како во ретко чии ги согледуваме културните прилики во тогашен Задар. Како книжевник во Задар не бил осамен, а во негово време во Задар живеел и Микша Пелегриновиќ од Хвар.
Епот „Љубовта и смртта на Пирам и Тизба“ е историја на несреќните вавилонски љубовници, познати од „Метаморфозите“ на Овидиј. Но ова дело на Карнарутиќ не е превод, туку преработка на темата. Карнарутиќ го опишува детството на Пирам и Тизба, необичната љубов, забраната на мајка ѝ, зборува за познатиот состанок пред градот, и за смртта. Сето тоа во стилот на своето време и духот на петрархистичката поезија.
Во другиот негов еп „Вазетју Сигета града“, предметот е национален: познатата борба околу Сигет и јуначката смрт на хрватскиот бан Никола Зрински. Ова е пред сè хроника на настаните во стихови, а помалце е уметничко дело. Епот е поделен на четири дела. Дава детален опис на царот и неговиот коњ, опис на турската војска. Ја задржува објективноста на историчар. Тоа е речиси историска легенда за Никола Зрински, неговото витешко однесување и неговите говори.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.