From Wikipedia, the free encyclopedia
Брајан Шмит (англиски: Brian Schmidt 24 февруари 1967 ) — угледен професор, член на Австралискиот совет за истражување и астрофизичар при Австралискиот национален универзитет опсерваторијата Маунт Стромло и Истраќувачкота школа за астрономија и астрофизика, и е познат по неговото истражување кое ги користи суперновите како космички стандарди. Тој денес е на позиција во Австралискиот федерален истражен совет и е избран за член на Кралското друштво во 2012 година.[2] Шмит ги поделил 2006 Шововата награда во 2006 година и Нобеловата награда за физика со Сол Перлмутер и Адам Рис за обезбедувањето на доказ дека ширењето на универзумот забрзува.
Брајан Шмит | |
---|---|
Шмит на средбата на добитниците на Нобелова награда во Ландау во 2012 година. | |
Роден(а) | Брајан Шмит 24 февруари 1967 Мисула, Монтана, САД |
Националност | Австралијанец и американец[1] |
Установи | Австралиски национален универзитет |
Образование | Аризонски универзитет (1989), Харвард (1993) |
Докторски ментор | Роберт Киршнер |
Поважни награди | Павсиев медал (2001) Шовова награда (2006) Нобелова награда за физика (2011) Дираков медал (2012) |
Сопружник | Jennifer M. Gordon |
Белешки „FACTBOX-добитници на Нобелова награда за физика“, Reuters News, 4 октомври 2011 година. |
Шмит, дете единец, е роден на 24 февруари 1967 година, во Мисула, Монтана, каде неговиот татко Дана Шмит бил рибен биолог. Кога имал 13 години, неговото семејство се преселило во Енкориџ, Алјаска.[3][4]
Шмит се образувал во месното училиште во Енкориџ и дипломирал во 1985 година. Тој има изјавено дека посакувал да биде метеоролог „откако имав пет години“ но „... имав некоја работа со американскиот Национален временски сервис во Енкориџ но не почувствував задоволство. Беше без многу наука, не толку возбудливо како што си мислев се беше рутина. Но претпоставува дека бев наивен кога станува збор за она што го сметав дека е да се биде метеоролог.“ Неговата одлука да учи астрономија, за која сметал дека е „минување на времето“, била направена момент пред да се запише на универзитет.[5] Тој својата диплома ја стекнал на Аризонскиот универзитет во 1989 година.[6] Својата магистерска титула ја стекнал во 1992 година на Харвард.[7] Шмитовата докторска теза била под менторство на Роберт Кишнер и користел супернови од типот II за да ја измери Хабловата константа.
На Харвард, ја запознал својата идна сопруга, австралијанката Џенифер Гордон која била докторант по економија. Во 1994 година, тој се преселува во Австралија.[3][6]
Шмит бил подокторски член на Харвард-Смитсонијановиот центар за астрофизика (1993–1994) пред да се пресели во Маунт Стромло во 1995 година.
Во 1994 година, Шмит и Николас Сунцеф ја оформиле екипата Високо-Z потрага по супернови за да го измерат очекуваното успорување бна универзумот и успорувачкиот параметар q0 користејќи ги растојанијата до суперновите од типот Ia. Во 1995 година, некговата екипа на состанок во Смитсоновиот центар за астрофизика го избрале Шмит за водач на екипата. Шмит ја водел екипата од Австралија и во 1998 година во трудот објавен од екипата чиј прв автор бил Адам Рис бил прикажан првиот доказ за тоа дека ширењето на универзумот забрзува.[8] Набљудувањата на екипата биле во спротивност со дотогашната теорија за ширењето на универзумот, со набљудувањето на сјајноста и мерењето на црвеното поместување на суперновите, тие откриле дека овие ѕвезди стари и по неколку милијарди години во нивните галаксии забрзувале во однос на нашиот појдовен систем.[9] Овој резултат бил ското истовремено потврден и од противничката екипа, раководена од стана на Сол Перлмутер.[9] Потврдувачките податоци на двете екипи придонеле за прифаќање на теоријата за забрзувачкиот униврзум и започнало ново истражување за природата на универзумот, како што е постоењето на темната енергија.[9] Откривањето на забрзувачкиот универзум било прогласено за напредок на годината од страна ан списанието Science во 1998 година, и Шмит бил заеднички награден со Нобеловата награда за физика заедно со Рис и Перлмутер.[9]
Шмит моментално го води телескопскиот проект Скајмапер и придружното истражување на јужното небо.
Во јули 2012 година на Шмит му бил доделен тригодишен мандат во советодавниот совет Квестакон.[10]
Шнит ја има добиено владината Мекинтошова анграда во 2000 година, Харвардовата Бокова награда во 2000 година, Павсиевиот медал од Австралиската академија на науките и Ваину Бапуовиот медал од Астрономското друштво на Индија во 2002 година. Тој беше Арсонов предавач во 2005 и 2006 година, тој ја поделил Шововата награда за астрономија со Адам Рис и Сол Перлмутер.[11][12][13]
Шмит и останатите членови на екипата ја поделиле Груберовата награда, во износ од $500.000, со Сол Перлмутер за нивното открите дека ширењето на универзумот забрзува. Шмит, Адам Рис, и екипата ја поделиле наградата за напредок во основите на физиката во 2015 година.
Шмит, заедно со Рис и Перлмутер, заеднички ја освоиле Нобеловата награда за физика за нивните набљудувања кои довеле до откривањето дека ширењето на универзумот забрзува .[11][14]
Шмит бил назначен за Придружник на Редот на Австралија во 2013 година.[15]
Шмит произведува вино и ужива да готви.[3]
Тој и неговата сопруга се спопственици на Мајпенрај,[16] мала винарска визба подигната во 2000 година во Нов Јужен Велс, во близина на Камбера, која е рангирана како винарија со четири ѕвезди од страна на James Halliday Australian Wine Companion.[17] За да ги засили виновите одлики, Шмит исто така вели дека „Полесно е да го продадеш сопственото вино акако си добитник на Нобелова награда.“[18] На доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм во 2011 година, тој му подари шише вино од сопствената визба на шведскиот крал Карл XVI Густаф.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.