From Wikipedia, the free encyclopedia
Бòрово (бугарски: Борово) — гратче во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Борово во Русенската Област. Има население од околу 1.992 жители (2022).[1]
Борово Борово | |
---|---|
град | |
Местоположба на Борово во Бугарија | |
Координати: 43.490685° СГШ; 25.811472° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Русе |
Општина | Борово |
Управа | |
• Градоначалник | Валентин Великов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 37,26 км2 (14,39 ми2) |
Надм. вис. | м | 293
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,992 |
• Густина | 53/км2 (140/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 7174 |
Повик. бр. | +359 08140 |
Мреж. место | borovo.org |
Борово се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 50 километри југозападно од регионалниот центар Русе и на 6 километри од Бјала.
Во земјиштето на градот Борово се пронајдени исклучителни предмети од сребрено тракиско богатство, познато како „Боровско богатство“ и тракиска гробница од IV век п.н.е. Помеѓу селата Батин и Горно Абланово, се пронајдени докази за постоење на стар римски пат.
Првите информации за селото потекнуваат од 1657 година, кога се споменува под името Чифлик манастир. Во наредните години се викало Горна Манастирица или Горно Манастирци. Со Указ бр.1273 од 4 септември 1948 година, селото Горазд било избришано и припоено како јужна населба на селото Горна Манастирица. Со Указ бр.79 од 11 февруари 1958 година селото Горна Манастирица било преименувано во село Борово, кое добило статус на град во 1984 година.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.