Бориево
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
Бориево — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Бориево | |
Улица во селото | |
Координати 41°25′23″N 22°45′54″E | |
Општина | Босилово |
Население | 742 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 27010, 27510 |
Надм. вис. | 210 м |
Слава | Мала Богородица |
Бориево на општинската карта Атарот на Бориево во рамките на општината | |
Бориево на Ризницата |
Бориево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 8 километри.
Надморската височина во селото е 210 метри.
Бориево е стара селска населба која потекнува од средниот век. На почетокот селото било мало, подигнато на брегот на Моноспитовското Блато, во месноста „Жабарник“. Старите жители на ова село на тој простор се занимавале со лов, риболов и сточарство. Поради мочурливото земјиште, земјоделството не било застапено. Според едно предание, претходниците на бориевчани ја напуштиле првобитната местоположба на селото, веднаш по Битката на Беласица во 1014 година, кога Самуиловата војска била победена од војската на византискиот цар Василиј II.
Причина за напуштањето на населбата во месноста „Жабарник“ била појавата на болест (веројатно маларија) од која најмногу умирале децата. Прв на ова место каде што денес е сместено Бориево се населил човек по име Борил. Подоцна околу неговата куќа се населиле и други семејства, па така се оформувала мала селска населба која во чест на првиот жител Борил, ја нарекле Борилово. Со името Борилово, селото се спомнува, сè до доаѓањето на Османлиите[2].
Османлиите селото започнале да го нарекуваат Бориево. Легендата вели дека во селото имало изградено кула во која ги обучувале војниците, кои секое утро ги пробудувала војничката труба – „бурија“. Така според оваа легенда, од овој збор произлегло и името Бориево.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 20 семејства и 65 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 275 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 352 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 64 македонски патријаршисти. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште[3][6].
Во текот на Горноџумајското востание кај селото се одвила битка против Османлиите[7] Во битката врховистичката чета ранила еден таксилдар, а убила една жандар и падарот од селото. Во текот на престрелката загинал еден четник, а четата со себе по повлекувањето го повела машкото население. Поради пукањето во Бориево дошло до организирање на башибузлук од страна на Турците од села Турново, Еднокуќево и Секирник. Башибозлукот набргу се нашол во Бориево, а таму дошла и една потера од 50 души од Банско. Селото било ограбено, а дестенина селани биле претепани до смрт. На 18 ноември во Бориево дошла потера од 40 - 50 души од Ново Село под команда на Али Ефенди. Биле уапсени 16 селани и однесени во Ново Село каде што биле мачени за да предадат пушки[7].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. По крајот на Втората светска војна, Бориево било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 4,3 км2. На него доминира плодното обработливо земјиште на површина од 426,3 ха, на пасиштата отпаѓаат 14,2 ха, а на шумите само 3,2 ха.[8]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[9]
Во 1961 година селото Бориево имало 681 жител. Во 1994 година во селото живееле 889 луѓе, сите Македонци[8]..
Населението низ историјата бележи постојан пораст. Според пописот во 2002 г. селото има 926 жители, од кои 925 Македонци и 1 останат.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 742 жители, од кои 654 Македонци, 1 останат и 87 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 275 | 352 | 439 | 536 | 681 | 754 | 793 | 853 | 889 | 926 | 742 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1823 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на Дом на културата.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 759 гласачи.[17]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 768 гласачи.[18]
На спортски план во Бориево се обнови игралиштето и фудбалскиот клуб на Бориево започна активно да учествува во многу натпревари.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.