Борисав „Бора“ Ѓоргевиќ (српски: Борисав „Бора“ Ђорђевић; 1 ноември 1952 - 4 септември 2024 ), познат и како Бора Чорба — пејач на рок-групата Рибља чорба од нејзиното основање во 1978 г.
Роден е во Чачак. На 15 септември 1978 г. по основањето на неговата група, таа станала една од најпопуларните на просторот на Југославија. Во текот на својата кариера, тој станал еден од најконтроверзните вокалисти во тоа време. Во 1990 г. го издал албумот „Коза ностра“, по кое бил обвинет за навреда на работничката класа на Југославија. Тој бил голем противник на владеењето на Слободан Милошевиќ и тој негов став го изразил преку албумот „Њихови дани“, кој го издал сам, без учество на својата група.
Бил член на Демократската партија на Србија[1]. По падот на Милошевиќ, тој бил советник на министерот за култура во владата од 2004 г., но по кратко време морал да даде оставка поради своите навреди кон телевизијата Б92[2].
Кон крајот на август 2024 г. Ѓорѓевиќ бил примен во болница во Љубљана поради тешка пневмонија. Починал на 4 септември истата година.[3]
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.