From Wikipedia, the free encyclopedia
Боко Харам (Boko Haram - западното учење е грев) е радикална муслиманска терористичка организација во Нигерија, формирана во 2002 година во нигерискиот град Мајдугури. Официјалното име на организацијата е Jama'atu Ahlis Sunna Lidda'awati wal-Jihad што од арапски значи Луѓе посветени на ширење на учењето на Пророкот и Светата борба. Организацијата, преку врешење терористички напади на територијата на Нигерија, се бори за воведување на Шеријат на целата територија на државата.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Боко Харам се противи не само на западното образование, туку и на Западната култура и современата наука. Организацијата е противник на слободните избори и гласање. Според водачите на организацијата, нигериската држава е управувана од неверници.
Боко Харам е основана од Мохамед Јусуф, во 2002 година во градот Мајдугури, Нигерија, во религиозен комплекс составен од училиште и џамија. За кратко време, многу сиромашни семејства од Нигерија и соседните држави, почнале да ги носат своите деца во училиштето, кое во меѓувреме било претворено во џихадски центар за обука на идните борци против официјалниот режим на Нигерија.
По добивањето информации дека членовите на Организацијата се вооружуваат, во јули 2009 година нигериската полиција започнала истрага, во која неколку водачи биле лишени од слобода, што предизвикало судири меѓу месното население од северните нигериски градови, и полицијата, како резултат на што загинале над 700 луѓе.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.