Божуриште
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.
Божуриште (бугарски: Божурище) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Божуриште во Софиската Област. Има население од околу 5.938 жители (2022).[1]
Божуриште Божурище | |
---|---|
град | |
Централниот плоштад во Божуриште | |
Местоположба на Божуриште во Бугарија | |
Координати: 42°45′45.77″N 23°11′55.85″E | |
Земја | Бугарија |
Област | Софија |
Општина | Божуриште |
Управа | |
• Градоначалник | Георги Димов (Движење „Ѓурѓовден“) |
Површина | |
• Вкупна | 0 км2 (0 ми2) |
Надм. вис. | м | 573
Население (2022) | |
• Вкупно | 5,938 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 2227 |
Повик. бр. | +359 07112 |
Мреж. место | bozhurishte.bg |
Градот се наоѓа на 573 метри надморска височина во западниот дел на Софиското Поле, 13 километри северозападно од центарот на Софија и 16 километри југоисточно од Сливница. Се појавил на крајот на 19 век околу военен објект врз земјиштето на блиското село Гурмазово, а неговата населба „Максим Горки“ врз земјиштето на селото Пролеша.[2]
Почетокот на град Божуриште како населба е во 1897 година, кога на земјиштето на селото Гурмазово бил создаден коњски комплекс за потребите на бугарската војска. Околу него постепено почнале да се градат приватни и државни објекти и така настанала денешната населба. Таа била наречена „Божуриште“ поради многуте диви божури во ливадите околу неа. На 15 август 1997 година за 100-годишнината од основањето селото Божуриште било прогласено за град.[3]