From Wikipedia, the free encyclopedia
Химна — песната која започнува со Isten, áldd meg a magyart ⓘ (Боже, благослови го Унгарецот) —официјалната државна химна на Унгарија. За таква е прифатена во 1844 година[1], по што традиционално, првата строфа се пее на официјалните церемонии. Текстот е напишан од Ференц Келчеи, еден од најпознатите унгарски поети, во 1823, а музиката која денес се смета за официјална е додадена од романтичарскиот композитор Ференц Еркел. Исто така, постојат и низа други помалку познати верзии на мелодијата. Првобитното нејзино име е „Hymnus, a magyar nép zivataros századaiból" (Химна, од бурните векови на унгарската нација). Иако може да се сретне и ова име, денес, тоа ретко се користи. Често се вели дека поднасловот бил своевремено додаден со цел да се избрише јасната поврзаност на песната со сегашност за да може да се избегне австриската цензура.
макед. Химна | |
---|---|
Текстот и нотите на химната. | |
национална химна на Унгарија | |
Текст | Ференц Келчеи, 1823 г. |
Музика | Ференц Еркел |
Усвоена | 1884 |
Звучен извадок | |
инструментална верзија | |
Песната со име „Szózat" (Проглас), која е напишана од Михај Верешмарти и која започнува со зборовите Hazádnak rendületlenül légy híve, óh magyar (На родината непоколебливо / биди ѝ предан, о Унгарецу) ужива речиси еднаква социјална популарност и прифатеност како и „Himnusz", без разлика на тоа што само "Himnusz" е спомната во унгарскиот устав. Всушност, традиционално, „Himnusz“ се пее на почетокот на церемониите, а „Szózat“ на крајот.
Признание му е оддадено и на Rákóczi March, кратко инструментално дело од непознат композитор, кое се свири во воени погоди, како и на песната Nemzeti dal напишана од Шандор Петефи.
Официјалната радио станица Радио Кошут ја свири Himnusz секој ден десет минути по полноќ, а истото го прават и телевизиските канали по завршувањето на нивната дневна програма.
Текстот на унгарската химна е чуден, гледан од аспект на останатите песни од овој карактер, бидејќи таа е претставена како молба кон Бога, а не како поема што ќе ја велича националната гордост. Токму поради спомнувањето на Бог во песната, таа само се свири, но е забрането да се пее за време на најстрогата комунистичка власт во Унгарија (1949–1956) (дури и секретарот на партијата Матијас Ракоши ќе му рече на композиторот Золтан Кодали да напише нова државна химна, но Кодали одбива, по што Ракоши се откажува од својата замисла.) По неуспехот на унгарската револуција, Јанош Кадар ќе се обиде да издејствува промена на химната - од Himnusz во Szózat, но нема да успее докрај да ја истурка својата идеја.
HIMNUSZ
|
ХИМНА
|
На 7 мај 2006, поставена е скулптурата Himnusz на плоштадот во Будакежи, селото каде што е роден Ференц Еркел, композиторот на музиката на унгарската химна. Таа го прикажува целокупниот текст на поемата во кружна форма, центриран околу две метри високата фигура на Бог, со 21 бронзено ѕвоно распределено на седум арки, направени од осум камени столбови, секој од нив со висина од четири и пол метри. Музичката содржина на делото може да се исвири на ѕвоната. Парите - 40 милиони форинти (грубо 200,000 долари ), биле собрани од јавната претплата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.