Боге Матевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боге Миланов Матевски (28 август 1926 во Гурчино, Гостиварско — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Боге Матевски | ||
Роден | 28 август, 1926 година Гурчино, Гостивар, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 13 ноември, 1944 година Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец |
Произлегува од селско семејство. Основно училиште завршил во родното село. По доселувањето во Скопје, се вработил како дреар во железничката ложилница. Бил учесник во многубројните саботажни и други акции на железничарските работници против окупаторот. Собирал народна помош и растурал илегален материјал. На 10 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Како на храбар борец му бил доверен пушкомитралез „Зорка“. Бил учесник во сите борби на својата бригада против балистите и Германците, како и во борбите за ослободувањето на Скопје. На 13 ноември 1944 година, во првите утрински часови, храбро загинал во борбите околу заземањето на железничката станица. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.