From Wikipedia, the free encyclopedia
Блини (руски: блины пл., деминутив : блинчики, блинчики) (украински: млинці, налисники пл., деминутив: млинчики, млинчики) или, понекогаш, блин (поточно како единечна форма на именката), е руска палачинка која традиционално се прави од пченично брашно или (поретко) брашно од хелда и се служи со павлака, младо сирење (кварк), путер, кавијар и други додатоци. Блините се меѓу најпопуларните и најчесто консумираните јадења во Русија.
На Запад, поимот блини традиционално се однесува на мали солени палачинки (со пречник од 5-10 см) и се направени со стасано тесто со квасец. На современ руски јазик, терминот најчесто се однесува на тенки палачинки од тесто со квасец, иако и помалите палачинки исто се нарекуваат блини и биле многу почесто консумирани од историски аспект.
Во некои јазици и речници (како што е англискиот јазик) има запишана и форма „блин“ во еднина и „блини“ во множина, што соодветствува на оригиналните руски форми, но во многу речници воопшто нема запис на зборот во еднина, туку се користи терминот „блини“.[1] Во некои готвачи и ресторани, зборовите „блин“ и „блинчик“ се користат за палачинки.
Блинци се варијанта на блини. Тие се тенки палачинки обично направени од пченично брашно (не од хелда), и се преклопени за да формираат обвивка (како за сирење или овошје), а потоа се пржат или печат.[2]
Старословенскиот израз за руските палачинки веројатно бил млинъ,[3] кој на староруски јазик се трансформирал во млини, блинŭ, (млинъ / блинъ).[4] Во современиот руски јазик зборот „блини“ се однесува и на странските палачинки, а за да се направи разлика обично се кажува дека станува збор за „руски блини“.
Блините се толку длабоко вкоренети во руската култура што зборот блин се користи и како линвгистички сигнал во комуникациите. Се користи кога некое лице разговара со други и не може да го најде вистинскиот збор.[5]
Источните Словени во претхристијанското време ги сметале блините за симбол на сонцето поради нивната кружна форма.[6] Тие традиционално се подготвувале на крајот на зимата во чест на повторното раѓање на новото сонце (наречено Масленица, а исто и „недела на палачинки“). Оваа традиција е усвоена од православната црква и се почитува и денес. Дрочена, еден вид блини, исто така се служеле на бдеењата во знак на сеќавање на неодамна починатите.
Традиционалните руски блини се прават со тесто со квасец, кое се остава да нарасне, а потоа се разредува со млеко, кисело млеко, ладна или врела вода. Кога се разредуваат со врела вода, тие се нарекуваат зовриени блини. Полесната и потенка форма се прави од тесто без квасец (обично направено од брашно, јајца, млеко или кисело млеко, кефир, раженка, варенец) и оваа варијанта е исто така честа во Русија. Традиционално, блините се печат во руска рерна. Процесот на подготовка на блините сè уште на руски јазик се нарекува печење, иако во денешно време тие се пржат во тавче, како палачинки. Може да се користат сите видови брашно, од пченично брашно и брашно од хелда до овесно брашно, иако во моментов најмногу се користи пченичното брашно.
Има слично еврејско јадење кое е многу популарно и традиционално еврејско јадење што се нарекува блинци. Блинците беа популаризирани во САД од страна на еврејските бегалци кои бегале од прогонствата и насилствата во Источна Европа. Блинците се многу важен дел од еврејската кујна. Тие традиционално се служат на неколку еврејски празници. Блинците полнети со сирење, а потоа пржени во масло се служат на празници како што е Ханука (бидејќи маслото имало клучна улога во приказната за Ханука) и Шавут (кога јадења со млечни производи традиционално се служат во Ашкенази). Блините и блинчиките обично се полнат пред да се пржат по вторпат, а може да се јадат без повторно да се пржат или едноставно се виткаат и се јадат со сос. Полнењата вклучуваат чоколадо, печурки, месо, ориз, пире од компири и сирење.
Блините, или како што се познати на украински, млинци, се многу популарно јадење во Украина. Јадењето едноставно се прави, а вкусот е многу добар, па затоа и ова јадење има толкава популарност. Млинците се јаделе во Украина уште од раното христијанско време. Тие се служат со кисела павлака, како и со кавијар; може да се послужат и како слатко јадење со овошје или слатка павлака. Тенките палачинки може да се полнат и со урда, сецкани варени јајца, мешан зелен кромид, опарена зелка, мелено месо, пире од грав, печурки, овошје и бобинки и суво грозје. Со различните полнења, на јадењето му се дава и ново име - Налисники кои може да бидат во различни форми, како на пример; цилиндрична форма, форма на плик, па дури и во форма на триаголници. За некои рецепти полнетите млинци треба да се стават во сад за печење и да се готват во рерна.[7]
Начини на подготовка и сервирање на блини:
Блините може да бидат преклопени или свиткани во цилиндрична форма со слатки или солени полнења, како што се џем, овошје, бобинки, пире од компири, младо сирење (кварк), варено мелено месо, варено пилешко, лосос, сецкани варени јајца со зелен кромид или сецкани печурки.
Блините се сметаат за традиционален оброк во литванската култура на Чист вторник.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.