Благоја Талески

From Wikipedia, the free encyclopedia

Благоја Талески (Прилеп, 17 јануари 1924 - Скопје, 26 март 2001)[1] бил македонски комунист и политичар. Носител е на Партизанска споменица од 1941.

Кратки факти Благоја Талески, Претседател на Собранието ...
Благоја Талески
Претседател на Собранието
На должноста
7 мај 1974  28 април 1982
Претходник Никола Минчев
Наследник Бошко Станковски
Лични податоци
Роден(а) 17 јануари 1924
Прилеп, Кралство СХС
Починал(а) 26 март 2001(2001-03-26) (возр. 77)
Скопје, Македонија
Затвори

Бил активен младинец уште во деновите пред фашистичката окупација. Станал член на КПЈ во 1940 година. Во 1940 година повеќепати бил апсен и затворан. По излегувањето од затвор активно се вклучил во подготовките за вооружено востание. Учествувал во формирањето на оперативната зона на партизанските одреди „Даме Груев“ и „Гоце Делчев“, а од април 1943 година бил секретар на Вториот обласен комитет на КПМ.[2]

По ослободувањето вршел повеќе функции. Бил генерален директор на Здруженото претпријатие „Југотутун“ во Скопје. Од 1963 до 1966 година бил претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, од 1974 до 1982 година, во два мандата, бил претседател на Собранието на СРМ,[3] а потоа бил член и претседател на Претседателството на СРМ (април 1983 - април 1984).[4] Бил и член на Претседателството на ЦК СКМ.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.