From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај реката Граник во мај 334 п.н.е. била првата голема победа на Александар Македонски против Персија (Ахеменидското Царство). Се одиграла во северозападна Мала Азија, близу наоѓалиштето на Троја. Тука Александар ги победил силите на персиските сатрапи на Мала Азија, вклучувајќи и голем број на грчки платеници.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
Броевите прилично варираат зависно од изворот (Македонци од 18.000 до 43.000), (Персијци од 23.000 до 50.000).
Битката се одиграла на патот од Абид - Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник (денешна Бига).
Александар тргнал во Азија во 334 п.н.е. по успешното обединување на грчките и македонските позиции по смртта на неговиот татко Филип II Македонски.
Тој го преминал Хелеспонт од Сест до Абид и продолжил по патот за Даскилиум, кој бил престолнината на сатрапијата Фригија. Разните сатрапи на Персиското царство се обединиле и предложиле битка на брегот на реката Граник. Грчкиот платеник Мемнон од Родос предложил да се пали житото и другите стоки при повлекувањето пред Александар, но неговиот предлог бил одбиен.
Војската на Персијците и хеленските наемници хоплити од позициите на стрмниот десен брег и возвишенијата околу реката лесно го следеле движењето на македонската војска. Александар не го прифатил советот на војсководецот Парменион да се повлечат за да исчекаат поповолна ситуација и дава наредба да се нападне непријателот. Во жестоката битка Александар бил ранет.
Според историчарот Аријан, Персијците ја поставиле коњаницата пред пешадијата и се составиле на (источниот) речен брег. Војската на Александар ги пресретнала на третиот ден марширање од Абид во мај. Не се знае дали Александар веднаш нападнал или ја преминал реката погоре и нападнал в мугри следниот ден (по предлогот на заменикот на Александар, Парменион).
Во секој случај, Персијците имале одреден број коњица во контакт со првите надојдени Грци, но Александар ги водел елитните коњички придружници во закрилен јуриш, додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу Персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни.
Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар почнал да јуриша со своите коњички придружници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи. Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар и неговите телохранители, иако Александар бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клит Црниот. Александар набргу се освестил.
Потоа македонската коњица свртела лево и се впуштила на персиската коњица која во тоа време се борела со левата страна од македонската линија по генералниот напад. Тука се отворила дупка и македонската пешадија се впуштила низ неа за да ја нападне персиската пешадија од лош квалитет која се наоѓала зад линијата. По ова двете крила на персиската коњица се повлекле согледувајќи го колапсот на центарот. Пешадијата исто така почнала да бега, со тоа што многу од нив биле убиени при гонењето.
Вкупнот број на македонски жртви бил од 100 до 200. Персијците изгубиле илјадници војници, 2.000 биле заробени. Отприлика 1.000 коњаници и 3.000 пешадијци биле убиени, главно при бегањето. Заробените наемници Хелени Александар ги испраќал во Македонија на принудна работа, а 300 персиски воени опреми испраќа во Атина, како дар на божицата Атена во храмот на Акропол.[6][7][8]
Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна сила. Непосредните ефекти од битката биле ослободувањето на грчките градови во Мала Азија и воспоставувањето на десантна територија за понатамошни битки против Персијците.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.